X
 07.07.2016 Наука

Зошто мисијата на НАСА со сондата Џуно е толку важна?

1 

 

НАСА ги сними луѓето на месечината, испрати роботи на Марс, па дури и испрати сонда надвор од границите на нашиот Сончев систем. Сите овие беа огромни напори. Но, на 4 јули, кога вселенското летало Џуно успешно влезе во орбитата на Јупитер, Скот Болтон, главниот истражувач на мисијата со сондата Џуно изјави: „Ја направивте најтешката работа што некогаш ја направила НАСА“.


Невозможно е да се рангираат подвизите на НАСА. Но коментарите на Болтон не беа хипербола. Влегувањето на Џуно во орбитата на Јупитер беше огромна, ризична 1.1 милијарди вредна мисија за вселенската агенција.

Еве зошто.

Најпрво: Зошто воопшто да се испрати сонда во Јупитер?


Иако Јупитер е најголемата планета во соларниот систем, научниците малку знаат за неа. Основните прашања на кои сакаат да пронајдат одговор се:

- Дали Јупитер има тврдо јадро?
- Како генерира толку екстремни нивоа на радијација?
- Како се формирал и еволуирал?

Џуно е опремен со девет научни инструменти, вклучувајќи сензори кои можат да ја мерат гравитацијата и да го тестираат магнетното поле на планетата, како и разни камери за да се сними планетата низ цела низа на електромагнетниот спектар.

Јупитер е составен од истите основни состојки како сонцето - воглавно од водород и хелиум. Научниците се надеваат дека истражувањето на неговата површина од близу може да открие дел од историјата за потеклото на нашиот сончев систем. Уште повеќе, галаксијата може да биде полна со вакви планети кои се'уште не се откриени.

„Џуно не само што ќе ни помогне подобро да го разбереме Јупитер, туку и ќе ни помогне подобро да го разбереме универзумот околу нас и нашето место во него“, вели Бери Маук, од Универзитетот Џон Хопкинс.

 

2


Патувањето на Џуно до Јупитер започна на 11 август. Кога Џуно му се приближи на Јупитер, ја намали брзината на околу 209.214 километри на час, рекордна брзина со кое едно летало влегло во орбита.

Постојат причини зошто НАСА никогаш не испратила сонда да лета толку блиску до површината на Јупитер: планетата има магнетно поле кое може да ја уништи електрониката до пепел.

Исто како што Земјата има заштитен меур од зрачењето (магнетосфера која ја создава поларната светлина), исто има и Јупитер. Но, на Јупитер е помасивен и помоќен. Неговото магнетно поле се протега толку далеку во вселената, што ако сјаеше на видлива светлина, ќе изгледаше како два пати поголема од големината на полна месечина на нашето небо.

Џуно ќе го проучува она што во внатрешноста на Јупитер создава масивно поле на магнетизам. Но за да го направи тоа, сондата ќе биде во голема опасност.

 

3


За Џуно да се приближи до површината на Јупитер, мора да се „искраде“ и да ја искористи приликата во која магнетизмот е најслаб: близу половите. Откако ќе се вметни во близина на половите, Џуно може да орбитира под најинтензивните области на зрачење и да ја заштити својата чувствителна електроника.

 

3


Eве како сето тоа изгледа од перспектива на Џуно.

 

Дури и со најголемата претпазливост, Џуно ќе биде подложен на зрачење еквивалентно на „сто милиони Х-зраци во помалку од една година. За да ја заштити чувствителната електроника, НАСА дизајнира свод тежок 650 килограми направен од титаниум.


Зрачењето беше позната пречка. Но, можеби најголемиот потенцијален ризик за мисијата беше помалку познатото: прстените на Јупитер.

 

5


Мисијата на Галилео во 1990-тите направи некои забелешки на прстените од прашината и остатоците кои го опкружуваат Јупитер, но НАСА научниците се'уште не знаат колку се тие блиску до површината на планетата, ниту пак знаат за дистрибуцијата на материјалот во нив.

Со оглед на тоа што Џуно лета над 200.000 километри на час, судирот со остатоците би биле катастрофални. „Ако биде удрен, може да предизвика огромна штета“, изјави Болтон на прес конференцијата. Џуно беше зајакнат да преживее некои удари, но беше прилично ранлив во својот пристап кон Јупитер, кога мораше да го изложи својот релативно слаб главен мотор.

Кога да очекуваме податоци од Џуно?


За пристап до орбитата, НАСА мораше да ги исклучи повеќето научни инструменти на Џуно. Тие мораат повторно да се приклучат. Џуно ќе може да започне со научни опсервации после 53 дена, односно кон крајот на август. Околу 19 октомври, Џуно повторно ќе ги запали своите мотори.

Потребни се 48 минути за пренос на податоците од Јупитер до Земјата. Малку по малку, ќе научиме за тајните на оваа масивна планета.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука