X
 08.07.2016 Живот

Највалканите делови од авионот за време на летање

Луѓето кои често патуваат и се грижат за своето здравје може да заборават за рециклираниот воздух како нивна најголема закана.


Неодамнешна анализа спроведена од американски експерти открива 6 места со најмногу бактерии во комерцијалните авиони од кои ниту едно не е поврзано со воздухот.

Во нивната анализа на истражувања, најмногу бактерии може да се најдат буквално под носот на патникот. Поради постојаниот контакт и реткото чистење, џебовите на седиштата и масичките имаат најмногу бактерии на комерцијалните авиони. Истражувачите забележуваат дека џебовите во седиштата може да содржат непријатни делови, како повраќаница и остатоци од отпад, додека масичките се користат за секакви работи, па затоа имаат бактерии.


Трети на листата се тоалетите во авионот поради честата употреба и реткото чистење. Потоа, бактериите се кријат и во прекривките, кои се пакуваат меѓу летови без чистење, но и системите за забава кои се користат од многу патници.

Токму затоа, патниците несвесно се изложени на непотребен ризик. Експертите препорачуваат носење антибактериски средства за раце и слично.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот