X
 11.07.2016 Наука

Како Никола Тесла користел духовност и филозофија за да научи за науката

Духовниот концепт на нашиот дамнешен свет е директно врзан со денешната „модерна“ наука, како со квантната физика, и Никола Тесла бил свесен за ова.


„Сите перцепции доаѓаат од една основна супстанца или оскудност преку концепцијата, исполнувајќи го просторот или светлосниот етер, кој е активиран од животот кој му бил даден од прана или креативна сила, е круг кој никогаш не завршува.“ - Никола Тесла

Никола Тесла бил во корелација со Свами Вивекананда, кој бил еден од најпознатите и највлијателните духовни лидери на филозофите на Веданта (една од шесте школи за Хинду филозофија) и Јога.

Вивекананда му пишал писмо на Тесла велејќи:

- Господинот Тесла мисли дека може да изрази математички дека силата се сведува на потенцијалната енергија. Ќе одам и ќе го видам следната недела за да ја видам новата математичка демонстрација. Јас сега работам со космологијата и можам да видам совршена унија со модерната наука, и како едната ќе биде следена од другата.

Тесла почнал да користи Санскрит зборови, и откако го проучувал источниот поглед кон вистинската природа, стигнал до основите на безжичното пренесување на електрична енергија. Сепак Тесла не успеал да го покаже идентитетот на енергијата, се додека Алберт Ајнштајн не ја објавил неговата теорија за релативност.

Визијата на Тесла за безжично пренесување на електричност и слободна енергија биле одложени за скоро стотина години. Овие концепти биле докажани низ стотици лаборатории низ светот и се уште не се откриени кон светот. Доколку овие технологии бидат ослободени, промената ќе биде огромна и ќе бидат користени насекаде. Овие технологии се апсолутно најважна работа која се случила во историјата на светот.

Нашите сегашни методи за користење енергијата ја уништуваат Земјата, околината, луѓето и создава конфликти. Многу брзо се доближуваме до времето кога треба да имплементираме систем за елиминирање на користењето на фосилните горива.

Транзициите на изворите на енергија не се случуваат преку ноќ. Ни требаа 100 години да го префрлиме дрвото во јаглен, и уште 100 години за јагленот во масло. Но следната транзиција мора да се случи побрзо од претходните и мора да вклучува слободна енергија.

„Денот кога науката ќе почне да проучува нефизички феномени, ќе донесе поголем напредок отколку декада од претходните векови на нејзиното постоење.“ - Никола Тесла


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука