X
 11.07.2016 Култура

Патување низ ДНК: Никој од нас не припаѓа на само една нација

Најверојатно познавате барем еден кој не сака припадници на одредена нација, а својата ја слави и воздигнува. Или можеби и вие сте еден од тие?


Организацијата Момондо одлучила на неколку испитаници да им направи ДНК тест кој ќе го докаже неговото потекло. Резултатите се зачудувачки - никој од нив не бил „чистокрвен“ припадник на само една нација.

Момондо е организација која се темели на верувањата како патувањата низ светот треба на сите да им биде овозможена, како и запознавањата со различни луѓе, култури и религии. Поради тоа го започнале проектот „ДНК патување“. Со помош на ДНК анализа, луѓето од различни етимолошки потекла можат да утврдат од каде всушност потекнуваат.

Така се одбрани неколку луѓе со целосно различни потекла. На прв поглед, сите тие немаат ништо заедничко освен нивните изразени чувства кон својата нација и увереноста дека сите нивни предци припаѓале на истата нација.

Многу од нив се изјасниле како имаат негативни чувства кој одредени нации, девојката од Курдистан не ги сака турците, англичанецот не ги сака германците, а кубанецот - французите. Откако го прифатиле ДНК патувањето, единствено што останало е да се земат примероци на плунка за понатамошното тестирање.

Излегло дека никој од нив не е 100 процентен припадник на својата нација. Така англичанецот кој не ги сака германците, се испоставило дека е 5% германец. Девојката од Курдистан исто така припаѓа делумно на турската нација, па дури и успеала да запознае далечен роднина од Турција.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура