X
 13.07.2016 Образование

Најдобрите универзитети за 2016 година

Универзитетот Харвард повторно се најде на врвот на листата на најдобри универзитети во светот, според новата листа од Центарот за Светско рангирање на универзитетите.

 

univerzittet


Од вкупно 1.000 универзитети во светот на листата, 224 припаѓаат на Америка, 90 се од Кина, 74 од Јапонија и 65 се од Велика Британија.

Светското рангирање за универзитети користи 8 индикатори за одлучување во рангирањето, вклучувајќи го квалитетот на образованието, вработувањето на алумни и влијанието. Организацијата исто така се смета за единствена ранг листа која не се потпира на податоците од анкетата или податоци од универзитетите.

 

Ниту еден од македонските универзитети не се најде на листата на најдобри 1.000. Oд земјите во регионот,  на 477 место се наоѓа Универзитетот во Љубљана и на 804 место Универзитетот во Марибор. На 605-то место се наоѓа Универзитетот во Белград,  a на 536-то место се наоѓа Универзитетот во Загреб.

 

Во продолжение проследете ги топ 10-те универзитети во светот - линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование