X
 13.07.2016 Наука

Научниците предупредуваат: Огромен земјотрес и` се заканува на Азија

Научниците предупредуваат дека „гигантски земјотрес“ ѝ се заканува на областа во Јужна Азија, а последиците од оваа природна катастрофа би можеле да ја почувствуваат 140 милиони луѓе во регионот.

 

земјотрес


Со оглед на тоа што научниците имаат недостаток на информации  за историјата на земјотресите во Јужна Азија, геолозите засега не можат да предвидат кога ќе се случи земјотресот, меѓутоа наведуваат дека веројатно ќе биде со магнитуда помеѓу 8.2 и 9.

Според нивните проценки, ефектите од овој земјотрес би можеле да го почувствуваат 140 милиони луѓе.

„Не знаеме колку долго време ќе помине додека се случи земјотресот. Не можеме да кажеме дека е неизбежен во следните 500 години, но секако можеме да видиме дека тој се гради“ вели водечкиот автор на истражувањето Мајкл Стеклер, од Универзитетот Колумбија.

Сателитите како помош за откритието


Најновите сознанија за големиот земјотрес се резултат на 13 годишното следење на движењата под земјината кора, областа каде се допираат индиската и суданската тектонска плоча. Иако научниците и претходно знаеле дека постои „тензија“ помеѓу двете плочи, тие претпоставувале дека тие една покрај друга само се лизгаат хоризонтално, активност која може да предизвика мали потреси.

Но, откако во нивните научни истражувања во периодот помеѓу 2003 и 2013 година користеле сателити кои можеле да ја набљудуваат површинската активност на земјата, меѓународните научници откриле дека Бангладеш лежи на огромна субдукциска зона (област во која една плоча тоне под друга).

Конкретно, во овој случај тоа значи дека индиската плоча турка под суданската плоча до 17 милиметри годишно.

Ова е прв пат научниците да откријат субдукциска зона под површината на земјата

Во опасност и Дака


Податоците до кои научниците дошле покажуваат дека во опасност е подрачјето од околу 250 километри, а на „вулканот“ кој може да предизвика катастрофален земјотрес е и главниот град на Бангладеш, Дака. Ова за жителите од ова подрачје значи години несиурност и страв.

„Некои од нас веќе долго време се сомневаа на оваа опасност, но немавме конкретни податоци. Сега имаме податоци и модел, а можеме да ја процениме и силата на земјотресот“, вели Мајкл.

Некои од најголемите земјотреси забележани во историјата на субдукциските зони е земјотресот од 2004 година кој го погоди Индискиот Океан, при што загинаа 230.000 луѓе, и катастрофалниот земјотрес во 2011 година кој ја погоди Јапонија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука