X
 14.07.2016 Живот

Човекот кој нахранил 7 милиони деца

Изборот за добрина не е нешто што го поврзуваме со нашата среќа бидејќи не очекуваме дека има некоја полза за нас. Но, она што не го сфаќаме е дека постојат многу придобивки за нас.

 

човек


Во 1979 година психолозите го измислиле терминот „висок помошник“ кога откриле дека волонтерите биле посреќни од не-волонтерите и дека мозокот произведува повеќе допамин (една од главните хемикалии поврзани со среќните чувства) кога биле вклучени во алтруистички активности.

Можеби за вас првичната реакција на идејата да бидете волонтер е да ја игнорирате. Но, добрите вести се тоа што можете да ја почувствувате добрината со самото тоа што сте внимателни во вашите секојдневни интеракции. Едноставното помагање на некој да се качи во автобусот или правењето кафе на колега или давањето комплимент е и повеќе од доволно. Еден од најлесните начини да помогнете некому е со него да го поделите оброкот.

Во ноември, ОН ја лансираше Светската програма за храна и апликацијата „ShareTheMeal“, со која им се овозможува на луѓето да го споделат својот оброк со децата кои имаат потреба. Чини само 50 центи за да нахраните едно дете во денот. Секогаш кога ќе влезете во апликацијата, вие делите оброк. Моменталната цел на апликацијата е да поддржи 1.400 сириски деца бегалци на возраст од 3 и 4 години во Бејрут. Досега се споделени повеќе од 6.489.221 оброци.

 

5


Во продолжение ви го пренесуваме интервјуто со шефот на „ShareTheMeal“, Себастијан Стрикер, човекот кој успеа да нахрани 7 милиони деца.

Како вашата соработка со Светската програма за храна ќе овозможи да ги искористите петте „мускули“ на среќата (чесноста, добрината, љубопитноста, свеста и храброста)?

Себастијан: Се обидувам да бидам истата личност за време на Светската програма за храна, како кога не сум, па мислам дека „мускулите“ се дел од мојата личност и не мора свесно да ги применувам.

Вашата работа ви овозможува да останете автентична личност, бидејќи во суштина сте истиот човек таму како што сте и надвор од работата?


Себастијан: Да, се надевам дека ова е вистина. Програмата ми овозможува и мене и на мојот тим шанси да ги применам тие мускули на среќа. Ние не треба да се преправаме дека сме други. Секако дека е бирократија и секако дека постојат многу различни култури во едно место, но јас би рекол дека овие пет мускули се универзални за среќата.

Ајде малку за „ShareTheMeal“. Очигледно го има зборот „поделба“ во него. Но кога ќе кликнете на апликацијата, дали навистина споделувате оброк?

Себастијан: Не. Тешко е да го споделите оброкот со некој кој е илјадници километри оддалечен од вас. Ако седев на маса и ручав, опколен со деца кои се гладни, прилично сум сигурен дека ќе го споделам ручекот со него. Апликацијата треба да ви ја даде таа можност. Но во реалноста, вие давате многу мала сума на пари за да нахраните друга личност. Одлучивме да го носи ова име бидејќи мислиме дека делењето е едно од најважните нешта за среќа. Го прави споделувачот среќен. Но исто така е и про-социјално однесување, тоа што имаме волја да се грижиме за другите. Волјата да сочувствуваш со некој е моќна. Ако можеме да го поддржиме тоа, тогаш е едно  од најмоќните нешта за создавање.

 

1


Кои разговори и настани ја родија оваа идеја? Како се поврзувате со другите за да го сфатите сонот на лансирањето на апликацијата?

Себастијан: Мислам дека разговорот и увидот беше дека е толку евтино да се нахрани некој, што ако постоеше начин на кој луѓето би можеле да ги достават тие 50 центи за споделување на оброкот, тие би го направиле тоа. Мислам дека вистинската акција беше сфаќањето дека се потребни многу малку пари и дека ако луѓето имаа лесен начин да споделат нешто, тоа и би го направиле.

Откако ја имавте идејата, кој беше следниот чекор за нејзино реализирање?


Себастијан: Мислам дека имав многу среќа бидејќи идејата веднаш доби интерес и поддршка. Првиот бизнис партнер со кого имав средба веднаш рече да. Мислам дека му се допадна комбинацијата на добра, значајна идеја со она што тој ја виде како професионално ветувачка акција. Тој само што ја напуштил работата, па беше среќна комбинација.

Среќна случајност. Како оваа апликација за споделување влијае врз среќата на другите, и волонтерите и корисниците?

Себастијан: Во моментов, дистрибуираме оброци во Либан, а еден член од тимот патуваше во Либан во посета на бегалскиот камп. Беше одлично искуство да се видат сите тие луѓе во реалниот живот како добиваат поддршка која се обидуваме да ја собереме. Мислам дека за него беше можност да го намали растојанието меѓу оние кои можат да дадат поддршка и оние на кои им е потребна. Како што можете да замислите, приказните од придобивките се неверојатно до степен кој прави да се чувствувате непријатно бидејќи на крајот на краиштата ние правиме многу малку, а сепак тоа малку има огромно влијание врз нивните животи.

 

2


Како се чувствувате кога слушате какво влијание има апликацијата врз животите на луѓето?

Себастијан:
Се'уште не можам да го сфатам чувството, но станува збор за посебно чувство. Се борам да се поврзам со напорот кој го даваме тука и ефектите. И сето тоа те прави да се прашуваш дали правиш доволно. Ако работата која ја правиш досега вовела промени во животот на луѓето, се прашуваш што уште можеш да направиш.

Ако не постоеше Светската програма за храна и слични организации, мислам дека би живееле во многу суров свет. Благодарни сме што постоиш... Ти стоиш како пример што човек може да направи, па можеби некој ќе добие дополнителни идеи.

Себастијан:
Секако, но ова би можело да е поголемо. Ние успеавме да нахраниме 10.000 деца, но се'уште немаме стигнато до милиони.

Дали ја гледате разликата во среќата меѓу луѓето кои се платени да работат во програмата и оние кои волонтираат?

Себастијан: Мислам дека парите ретко имаат врска со среќата, но постои минимален износ на пари кои ни се потребни за да ги одржуваме животите. Мислам дека е малку нефер споредба бидејќи нашите волонтери се толку мотивирани што се и повеќе од среќни што се дел од тимот. Но постои една точка на одлука каде мораат да одлучат: „Дали можам да продолжам со ова? Како да ги добијам парите кои ми се потребни за живот?“ И токму тука доаѓа дискусијата за износ на пари за живеење. Човек не може да волонтира премногу долго. Во еден момент ќе му бидат потребни пари за живот.

 

3


Интересно е тоа што не постои разлика во среќата меѓу волонтерите и оние кои не волонтираат.

Себастијан:
Неверојатно ослободително е да сфатиш дека ти е потребна минимална сума на пари за да преживееш. Мислам дека во повеќето случаи сумата е многу помалку отколку што мислиш. Луѓето кои работат тука се само мал дел од она што би го заработувале во слична улога за профитабилна компанија, но се среќни што даваат вредност и ниту еден не би се менувал за повисока плата.

Дали мислите дека постои поголема култура на љубезност во Светската програма за храна отколку во други организации поради природата на нејзината работа?

Себастијан:
Мислам дека тимот донесе одлука да биде љубезен и добар. Нивната работа е да бидат добри кон другите луѓе. Веројатно е повидливо од другите организации или можеби причината е тоа што ова е нашата мисија. Но ние функционираме доста слично како другите компании. Неодамна разговарав со човек кој рече: „Имате консултирачка атмосфера тука“. Мислам дека се обидуваме да усвоиме ефективни техники за управување со проекти, техники за управување и соработка, но нашата мисија е малку поинаква. Нашата мисија е да го зголемиме бројот на оброци кој можеме да го дистрибуираме.

Апликацијата ги има за цел сириските бегалци како примарни корисници. Дали планирате да ја искористите за итна помош за храна на места погодени од суша во земјите како Јужен Судан или пак Тар во Пакистан?

Себастијан:
Апсолутно. Мислам дека треба да делуваме онаму каде има потреба и на тој начин да се спроведува програмата. Не правиме разлика дали тоа се децата од Блискиот Исток, Африка, Југоисточна Азија или друго место. Делуваме онаму кадешто мислиме дека можеме да имаме најголемо влијание. Сега тоа е Блискиот Исток. Знаеме луѓе од таму, изградивме мрежа и го знаеме теренот.

Моето последно прашање: Многу луѓе сакаат да направат разлика и да им помогнат на оние на кои им е потребна помош. Кој е вашиот совет до другите кои сакаат да им помогнат на луѓето во вакви ситуации?

Себастијан: Не постои одговор во една големина. Обидете се да разберете како можете да бидете најмногу од корист. Ако социјалното влијание е крајната цел, тогаш тоа е комбинација од пронаоѓањето во она што сте добри и шансите кои ви се укажуваат. Мислам дека тоа е поврзувањето на компетентноста со потребата.

 4


За некој кој е добар во синџирот за менаџмент на снабдување, тогаш одете и работете во тоа поле. Погледнете ги огласите и видете што нудат.

Мојот совет е двоен: Најпрво, разберете како вашите индивидуални компетенции одговараат на потребите и второ, започнете да помагате. Многу луѓе се прашуваат што би можеле да направат, но секогаш е подобро да направите нешто отколку ништо. Со започнување човек го сфаќа полето, ја гради својата мрежа и станува се' повеќе ефективен со текот на времето.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот