X
 14.07.2016 Култура

Напуштените градови на Фукушима - пет години после нуклеарната катастрофа

Напуштените градови на Фукушима се откриени пет години после нуклеарната катастрофа, откако јапонските градови морале масовно да се евакуираат на 11 март 2011 година и изгледаат како да замрзнале во времето.

 

2


Во серијата морничави фотографии може да се виде како изгледаат напуштените супермаркети и продавници, полни со отпадоци и остатоци од животот кој некогаш се живеел во овие градови.

Малезискиот фотограф Кеов Ви Лонг успеал да влезе во областа носејќи маска за да ги направи овие прогонувачки фотографии. Нуклеарната катастрофа принуди 150.000 луѓе да ја напуштат областа која сега е пустелија.

Катастрофалната несреќа беше предизвикана кога земјотресот го погоди брегот на Јапонија на 11 март, 2011 година. Земјотресот беше 9.11 степени според Рихтеровата скала и еден од најсилните што ја погодил земјата. Меѓутоа, реакторите во нуклеарната централа всушност беа уништени од цунамито со што беше предизвикана катастрофа слична со онаа во Чернобил.

Брановите високи 15 метри удриле во нуклеарната централа, со што протекле радиоактивни материјали, а катастрофата доби рејтинг 7 од Меѓународните нуклеарни размери од страна на јапонската влада.

И покрај тоа што во градовите денес е забрането да се оди, 27 годишниот фотограф успеал да влезе со уште двајца пријатели и да ги посети градовите Томиока, Окума, Намие и Футаба.

„Жителите на овие три градови ги напуштиле своите домови толку брзо што не спакувале ништо вредно. Ако ги посетите бутиците или трговските центри во овие градови, ќе видите дека се' е останато како што било во 2011 година, ништо не е променето ниту поместено“.

„Поради високото ниво на зрачење градот беше полн со полиција, па имавме малку време да ги истражуваме градовите. Влеговме во црвената зона околу 1 часот наутро за да ја избегнеме полицијата“.

„Кога влегов во трговскиот центар почувствував морничава тишина, како времето да застанало. Трговскиот центар беше целосно празен но предметите беа на место. За мене ова искуство беше едно од најморничавите. Семафорите се'уште работат, иако нема автомобили“.

„Со пристигнувањето во црвената зона, можевме да ги почувствуваме хемикалиите и печењето во очите“.

Екстремното радиоактивно труење може да предизвика болест па дури и смрт во рок од неколку часови или денови. Иако нивото на радијација во Фукушима е намалено од почетната катастрофа, сепак зрачењето се'уште достигнува високо ниво. 

 

Линк до галеријата
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура