X
 14.07.2016 Живот

Зошто и како светот се менува на подобро?

Повеќето од нас не сфаќаат дека постои нешто необично што се случува со светот. Ова може да го видат луѓето кои се ослободени од стандардното општество. Но, зошто и како светот се менува?

 

свет


1. Никој повеќе не може да го издржи моделот на вработување

Ги достигнуваме нашите граници. Луѓето кои работат во големи корпорации повеќе не си ја сакаат работата. Недостатокот на цел доаѓа кај секој од нив. Луѓето сакаат да излезат од тој круг и да се откажат. Погледнете само колку луѓе се подготвени да го ризикуваат претприемништвото, земаат одмор, луѓе со депресија.

2. Се менува и моделот на претприемништво

Во текот на изминативе неколку години, со експлозијата на старт-ап компаниите, илјадници претприемачи ги претворија своите гаражи во канцеларии за да заработат милијарда долари од нивните идеи. Вителот на претприемништвото беше да се најде инвеститор и да се пронајде некој кој ќе го финансира.

Но што се случува откако ќе се пронајде некој кој ќе достави финансии? Вие повторно сте вработен. Финансииите на крајот стануваат главен двигател на вашиот бизнис, а сте далеку од реализирање на вашиот сон.

Потребен е нов начин.

3. Подемот на соработка


Многу луѓе сфатија дека нема смисла човек да е сам. Многу луѓе се разбудија од лудиот менталитет „секој човек за себе“.

Нели е апсурдно, 7 милијарди жители кои живеат на иста планета, да бидеме толку оддалечени едни од други? Која е смислата на тоа да го свртите грбот на илјадници, можеби и милиони луѓе кои живеат околу вас во истиот град?

За среќа работите се менуваат. Споделувањето, концептите за соработка во економијата започнуваат да се спроведуваат, а тоа укажува на нова насока. Насока на соработка, споделување, помош и заедништво.

4. Конечно откриваме што е интернетот


Интернетот е неверојатно спектакуларна работа, и сега, после толку години, ние ја сфаќаме неговата моќ. Со интернетот, светот за нас е отворен, паѓаат сите бариери, завршува поделбата, започнува заедништвото и се појавува помошта.

Некои нации беа сведоци на вистински револуции кои го искористија интернетот како примарен катализатор, како што е на пример Арапската пролет.

Интернетот ја презема контролата на масата. Големите медиумски групи кои ги контролираа вестите повеќе не се единствените сопственици на информациите. Можете да одите каде сакате. Можете да се поврзете со кого сакате. Можете да истражувате што сакате.

Со доаѓањето на интернетот, малите повеќе не се неми. Постои глас. Анонимните стануваат признати. Светот доаѓа заедно.

5. Падот на претераната потрошувачка


Премногу долго бевме изманипулирани да консумираме колку што можеме, да го купуваме секој нов производ - најновиот автомобил, најновиот ајфон, најновите брендови, облека, чевли и многу други работи.

Бавниот живот и бавната храна се неколку видови на акции кои се преземаат, кои укажуваат на тоа колку апсурдно започнавме да се организираме себеси и сопствениот живот.

Помал број на луѓе користеле автомобили. Помал број на луѓе трошат премногу. И повеќе луѓе менуваат облека, користат искористени стоки, разменуваат имот, автомобили, станови, канцеларии.

6. Здрава и органска храна

Бевме толку луди кога прифативме да јадеме се'. Потребно беше само да има добар вкус. Бевме толку неповрзани што компаниите започнаа практично да ја трујат нашата храна, а ние ништо не велевме.

Но, луѓето започнаа да се будат, и започнаа да се одлучуваат за здрава и органска храна. Малите земјоделци стануваат повторно релевантни за целиот синџир на производство. Луѓето повторно одгледуваат растенија во нивните домови и со ова ќе се обликува економијата на сосем различен начин.

7. Духовно будење


Се' повеќе луѓе практикуваат јога и медитираат. Пред 10 години никој не зборуваше ниту за јога ниту за медитација. Духовноста се припишуваше на езотеричните луѓе - чудните и мистичните.

Но за среќа, сето ова се менува. Дојдовме до работ на разумот и рационалноста.

8. Различни трендови на образование


Кој го создал моделот на настава? Кој ги избира часовите кои децата треба да ги посетуваат? Кој избира какви лекции треба да учиме по историја? Зошто не не' научат за вистината за другите древни цивилизации?

Зошто децата треба да следат одреден сет на правила? Зошто треба да носат униформи? Развивме модел кој ги зацврстува и реплицира следбениците на системот кој создава обични човечки суштества.

За среќа, многу луѓе започнуваат да го доведуваат во прашање овој концепт, и се одлучуваат за различен вид на едукација за своите деца.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот