X
 17.07.2016 Живот

Професиите во кои можат да се најдат најмногу психопати

Психологотт Кевин Датон од Одделот за експериментална психологија при УНиверзитетот во Оксфорд спроведе истражување со кое ги откри топ 10-те професии во кои можат да се пронајдат најголем број психопати.

 

професии


На листата се наоѓаат професии за кои има смисла да се одлучат психопатите, меѓутоа се наоѓаат и професии за кои сигурно би помислиле дека се грешка. Ова се професиите:

1. Главен извршен директор
2. Адвокат
3. Медиуми (ТВ / радио)
4. Продавач
5. Хирург
6. Новинар
7. Полицаец
8. Cвештеник
9. Готвач
10. Државен службеник

Голем дел од овие работни места имаат смисла, со оглед на тоа што карактеристиките на еден психопат се: сигурност во себе, егоцентричност, бестрашност, рамнодушност и шармантност. Покрај тоа, сите карактеристики често пати ги поврзуваме со успех. Ова не значи дека успешните луѓе се душевно болни, ниту пак дека луѓето кои не успеале треба да го обвинуваат недостатокот на психопатија.

Истражување во „Journal of Business Ethics“ открива дека иако психопатите може да се најдат во високо платените професии како што се извршен директор и адвокат, тие често пати се помалку успешни отколку нивните колеги. Тие заработуваат помалку пари и нивните односи исто така се помалку успешни.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот