X
 18.07.2016 Култура

Ова е забрането во Кина, а во остатокот од светот незаменливо

Познато е дека во Кина е се поинаку - со поинакви правила и принципи во однос на другите во светот, а традиционалниот дух не ја напушта оваа држава иако е 21ви век. Модерното доба со себе има донесено многу трендови кои се популарни ширум светот. Меѓутоа, Кина има начини и причини да не дозволува влијание на одредени светски трендови во својата земја.


Твитер

Една од најпопуларните социјални мрежи е забранета во Кина и едноставно не може да се користи - иако една од раководителите во Твитер е од Кина.

Фејсбук

Слична ситуација како со Твитер, Фејсбук не може да се користи бидејќи Кина го има исклучено пристапот од 2009та година, и сеуште нема знак дека тоа ќе се смени. Платформата на социјалните мрежи е цензурирана бидејќи на Кина не и се има допаднато улогата која ја има Фејсбук во Зелената револуција.

Снепчет

Во Кина е забранета и оваа социјална мрежа која во целиот свет стана популарна за краток период.

Гугл

Еден од најчестите пребарувачи во светот е Гугл кој нуди голем број на услуги кои се многу користени ширум светот. Кина го има забрането користењето на г-мејл, како и целиот Гугл. Сепак, во последните неколку години дојде до напредок во соработката за користење на услугите на компанијата „Гугл“.

Странски (холивудски) филмови


Затвореноста на Кина има уште еден свој облик - оваа држава го има ограничено бројот на филмовите кои доаѓаат од странство, па затоа се дозволени само 34 странски филмови во текот на една година. Целта на оваа регулатива е да се ограничи продорот на холивуски филмови кои ценат поинакви вредности за разлика од Кина.

Обложување

Во Кина е забрането коцкањето уште од 1949 година, и од тогаш не постои ниедна коцкарница во државата.

Книги

Цензурите подлегнуваат и во книгите, па така се проверува секоја книга која се објавува во оваа земја. Целта е да не се објават критики за Тибет, Комунистичката партија или богатствата на поединци во државата. Баш поради строгите цензури - често се шверцуваат и книги.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура