X
 19.07.2016 Технологија

Како е срушен авионот на Малезија Ерлајнс?

Во трагедијата пред две години загинаа 298 луѓе од 11 земји. Пред две години проектил кој беше лансиран од рускиот состав БУК, сруши авион од Малезија Ерлајнс во летот МХ17. Смртно настрадаа 298 цивили од 11 земји.


Авионот беше погоден на висина од 10 000 метри над источна Украина. Холандскиот одбор за сигурност пред една година утврди дека проектилот е лансиран од подрачјето каде контролираат руските сепаратисти, а неодмна изјави анимација која ги покажува последните секунди од нападот. Функцијата е проектилот да експлодира во близина на метата која има голем број на шрапнел кој се движи со голема брзина.

Анимацијата покажува детонација на проектилот на левата страна на авионот, односно над пилотската кабина. Стотици високо енергетски шрапнели кои излетале од проектилот, се забиле во предниот дел на авионот.

Експлозијата инстантно убила тројца члена во пилотската кабина, а после тоа авионот почнал да се распаѓа во воздух. Деловите завршиле на неколку различни места во подрачје од 50 квадратни километри.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија