X
 19.07.2016 Наука

Што лежи под мразот на Антарктикот?

Постојат неколку места во светот кои може да се каже дека не се истражени. Едно од нив е земјата која лежи под Антарктикот. Дури неодамна се откриени канјони, водни патеки и езера кои се наоѓаат километри надолу.


Но покрај толкавиот голем волумен на мраз, како е можно водата долу да не измрзне? Одговорот е притисок - кога голема тежина мраз ја притиска водата, таа останува течна и на температури пониски од нормалниот степен на замрзнување. Дури мразот ја штити од ладниот воздух кој се наоѓа над нив. Течната вода се топли со внатрешноста на Земјата.

Најголемото езеро под мразот е езерото Восток кое е шесто најголемо езеро со длабочина од 430 метри. Ова езеро се смета дека е старо 15 милиони години. Овој регион е дом и на голем кањонски систем кој е подолг 100 километри од Големиот Кањон.


До сега се откриени преку 130 „активни“ езера. Еден пример е езерото Виланс, во Западен Антарктик, кој покрива 60 километри квадратни. Иако изгледа мало во споредба со езерото Восток, не е незначително.

Во јануари 2013 година, експедиција од САД го истражуваше езерото и откри чисти докази кои содржат микробиолошки живот. Овие фасцинантни езера и канјони не се само интригантни туку имаат клучен дел во иднината на овој смрзнат континент.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука