X
 21.07.2016 Наука

2016-та е на пат да биде најтопла година досега

Првите шест месеци од 2016 беа најтоплите до сега, низ целиот свет, велат научниците на НАСА и Американската национална океанска и атмосферска администрација.


Минатата година е на врвот за најтопла година но 2016 навистина ја надмина. Научниците открија дека секој месец од првата половина на 2016 поставил рекорд за најтопол месец на глобално ниво.

Имаме 99% шанси за нов рекорд во 2016. Додека температурните поплавувања се климатолошки постојани, упорното глобално затоплување е тоа што ја менува атмосферата и резултира со промени на климатските индикатори што всушност ги плаши научниците.

Пет од шест месеци во 2016 поставија рекорди за најмала количина на мраз на Арктикот, со исклучок од март.

Истражувачите од вселенската агенција моментално работаат на Арктикот за подобро да го разберат процесот на топењето на мразот. Оваа година имало рекорди во глобалните температури, но рекордните високи температури во Арктикот во последните месеци се уште поекстремни.

Сепак научниците мора да го искажат овој тренд кој трае подолго време, и ја зголемуваат топлината со текот на годините.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука