X
 22.07.2016 Образование

7.201 млади луѓе сместени во домови - над 500 од нив не се студенти или ученици

Во 2015/16 година, вкупно 7.201 ученик-студент биле сместени во студентски дом или интернат за ученици и студенти. Според најновите податоци од Заводот за статистика, ова е намалување за 2,8% во однос на претходната учебна година.


Во извештаите биле опфатени вкупно 37 домови за ученици и студенти, од кои 13 се студентски домови, 14 се домови за ученици во средни училишта и 8 се домови за ученици во основни училишта. 2 домови се наменети за ученици во средно верско училиште.

Според податоците, најголем број од младите кои се сместени во студентски домови - 5.351, додека најмал е бројот на ученици сместени во домовите за основни училиште - 115.

1.727
ученици-студенти се сместени во дом за ученици кои посетуваат средно училиште. 

Од сите ученици-студенти сместени во домови, 4.787 се студенти, 1.727 посетуваат средно училиште, а 115 посетуваат основно училиште.

268 ученици од средно верско училиште се сместени во дом, од кои 214 во дом за ученици во исламско верско училиште, а 54 во дом за ученици во православно верско училиште.

Интересно е да се забележи дека бројот на ученици-студенти кои се сместени во дом за ученици во средно и основно училиште одговара со бројот на ученици од средно и основно кои се сместени во домови, но бројот на лица сместени во студентски домови е поголем од бројот на студенти сместени во домови.

Така, во студентските домови се сместени 5.351 лице, а бројот на студенти сместени во домови изнесува 4.787 студенти. Нема податоци за типот на останатите 564 лица. 

Целосните податоци пронајдете ги ОВДЕ.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование