X
 22.07.2016 Технологија

Каде се наоѓа најбрзиот интернет?

Протокот на интернетот, односно неговата брзина се мери во мегабити во секунда, а во светот просекот на вчитување на веб страниците е 6,3 mbps. Овој број се однесува на тоа колку податоци може да бидат префрлени во рок од секунда. Меѓутоа постојат држави кои имаат многу побрз интернет од просекот.


10. Финска - 17.1mbps

Финското министерство за транспорт и комуникација во 2010 се избори за брзината на интернетот и секој жител од оваа земја да има најмалку 1 mbps. До сега овој број се зголемил повеќе од 10 пати.

9. Чешка - 17.8mbps

Чешка бележи раст од 31% во однос на претходната година. Оваа брзина е нешто поголема од онаа што САД ја смета за просечна, односно гледање видеа со висока резолуција и сурфање на интернет без успорување.

8. Холандија - 17.9mbps


Според извештајот од 2014 година, оваа земја може да се пофали со најголем број на домаќинства кои користат интернет во рамки на Европска унија.

7. Јапонија - 18.2mbps

Јапонија е една од земјите кои моментално работаат на супербрзиот интернет од 100gbps. Јапонскиот провајдер Со-нет нуди 2gbps интернет, што е двојно повеќе во однос на Гугл Фајбер и што го прави најбрзата комерцијално достапна интернет услуга.

6. Летонија - 18.3mbps

Брзината на интернетот во Летонија е моментално три пати поголема од глобалниот просек.

5. Швајцарија - 18.7mbps


Оваа земја зебележала раст од 25% во однос на претходната година.

4. Хонг Kонг - 19.9mbps

Оваа земја била прва во светот која достигнала брзина од 60mbps во 2013, но сепак просечната брзина е доста помала.

3. Шведска - 20.6mbps

Шведска бележи раст од 32% во однос на 2015 година, а корисниците поради добриот проток ретко имаат проблеми со интернетот, па дури и кога одеднаш се активирани неколку апликации.

2. Норвешка - 21.3mbps

Норвешка може да се пофали со најголем пораст на брзината на интернетот во однос на претходната година - 68%.

1. Јужна Кореја - 29mbps

Жителите на Јужна Кореја уживаат во задоволствата на најбрзиот интернет на светот. Со 29mbps, интернетот е овде 4.6% побрз во однос на светскиот просек. За симнување филм од 5 гигабајти, би ви требале околу три минути.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија