X
 22.07.2016 Образование

Училишта каде можете да студирате за марихуаната

Легализираната марихуана е најбрзо растечката индустрија во Америка во моментот, велат неодамнешните истражувања. Како што пазарот се проширува, ќе бидат потребни повеќе доктори, стационари, колективи и култиватори.

 

курс


Исто така, ќе биде потребна и поголема обука бидејќи и тоа како може да помогне искуството во оваа област. Неодамна, Универзитетот Оакстердам беше единствената високообразовна институција која нудеше образование за марихуаната, а денес бројот на овие училишта нагло порасна. Ова се некои од училиштата кои нудат ваков вид образование.

1. Универзитетот Оукстердам

 

1


Ова беше првиот универзитет кој понуди студии за марихуана. Универзитетот се наоѓа во Калифорнија и за прв пат ги отвори вратите во 2007 година. Универзитетот не нуди студентски соби или домови, тие сепак обезбедуваат единствени и образовни искуства со марихуаната. Школарината варира од 35 до 45 долари за кредит со 14 неделен класичен семестар  за 1.200 долари и лабораториски 14 неделен семестар за 1.500 долари како и семинари за помалку од 100 долари.

На универзитетот имаат дипломирано над 20.000 студенти, а тие можат да се одлучат за курсеви како на пример затворена хортикултура или готвење со марихуана. Курсевите можат да траат 14 недели во текот на летото, пролетта или есента, а семинарите се нудат за викенди и во последните 2-4 дена. Единствен услов е да бидете над 18 или 21 година.



2. Универзитетот Кловер Лиф

 

2


Моментално, ова е единствениот универзитет за марихуана кој е одобрен, регулиран и лиценциран од страна на Одделот за приватно училишно професионално образование. Предметите понудени на курсевите најчесто се консултирање за марихуана, одгледување, наука за марихуаната и тестирање и кулинарски уметности со марихуаната како и легални образовни часови. Семинарот чини 200 долари, а наскоро ќе започнат и онлајн курсеви.



3. Универзитетот ТНС

 

3


ТНС е достапен и онлајн, а за прв пат го понуди својот спектар на курсеви на интернет и со нови измени во Колорадо кампусот сега нуди огромно искуство поврзано со канабисот. Досега се покажа како најевтината опција за студентите, а школарината за редовните студенти без е-книги започнува од 29 долари месечно, а за оние со попрофесионални месечни туторства 79 долари.



4. Кариерниот институт за марихуана

 

4


Овој институт нуди курсеви со поинаков пристап - патува низ Америка и ги учи учениците преку неколку часовни семинари. Институтот нуди и сертификати за следните курсеви:

Растење на марихуана
Бизнис менаџмент за марихуана
Прехранбена операција
Продавање на марихуана
Управување со диспанзер

Институтот е основан во 2009 година на истите принципи како Универзитетот Оукстердам. Семинарите траат околу 8 часа, а цената започнува од 300 долари; заедно со книги околу 500 долари.



5. Институт за обука за марихуана

5


Овој институт нуди неколку евтини курсеви кои се достапни и онлајн. Во еден викенд можете да завршите курс од почеток до крај. Курсевите за институтот чинат 65 долари, а институтот нуди курсеви за медицина и бизнис со предмети како бизнис операции и образование за марихуана. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование