X
 25.07.2016 Образование

Ердоган продолжува со "чистката"

Омразата против поддржувачите на Ѓулен продолжи во саботата кога беа затворени приватни училишта, универзитети и други институции кои се осомничени дека се поврзани со американските бази. Анкара објави вонредна состојба по државниот удар од страна на војската.


Претседателот Ердоган објави затворање на 1043 приватни училишта, 1.229 хуманитарни центри и фондации, 19 унии, 15 универзитети и 35 медицински институции. Организациите кои биле затворени се смета дека се поврзани со Фетула Ѓулен, поранешен сојузник на Ердоган, кој сега стана негов најстрашен противник.

Турската влада го обвини Ѓулен дека стои зад државниот удар кој се случи минатата недела, како и нападите претходно.

Уште една мерка која ја нареди Ердоган во саботата беше подолго дозволување на луѓето во полициска станица без обвинение. Тримесечната вонредна ситуација која беше назначена во средата, и дава авторитет на главата на Турција да менува закони без поддршка од парламентот и да ограничува права и слободи како што тие сметаат дека е правилно.

Европската унија и САД реагираа многу нервозно на сета ситуација. ЕУ се закани дека ќе ги суспендира пристапните повици со Анкара доколку Ердоган не престане да се заканува дека ќе предизвика мораториум. САД вели дека Турција треба да достави убедлив доказ за вината на Ѓулен.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование