X
 26.07.2016 Економија

Како Тесла постигна раст од 1.173% за 10 години?

Тесла Моторс била создадена на 1 јули 2003 година. До мај 2006 компанијата собра 40 милиони долари за фондот за серија Ц. До крајот, тие собраа над 60,5 милиони долари за започнување на производството.


Производството на автомобили не започнало се до март 2008. Сепак нејзиното јавно појавување на аукција било во 2010 година. Три години подоцна ги најавија нивните профити иако користеле генерално прифатени сметководни принципи. Беше најавено дека Тесла го има зголемено профитот за 15.94%.

Во 2013, залихата доживеа воодушевувачки момент. Нивниот приход во октомври беше четири пати повисок од приходот во април истата година. Како и да е, следната година Тесла објави загуба од 74 милиони долари.

Во 2014 Тесла ја намалија цената, иако според пресметките нема да можат да ја достигнат целта - 500.000 уреди продадени до 2020 година. Морган Стенли пресмета вклупно 297.000 продадени Тесла возила до 2020 година. Во 2015 година Тесла објави загуба од 294 милиони долари за 2014. Компанијата има капитализација на пазарот од околу 25 милијарди долари.

Илон Маск ја има објаснето неговата претпоставка дека Тесла ќе биде вредна 700 милијарди долари до 2025 година. Тој смета дека компанијата ќе ги зголеми продажбите за 50% секоја година, во следните 10 години.

На 31 март 2016 година, Тесла го изложи нивниот Модел 3 и почна со примање порачки. За време на првата недела, компанијата има примено преку 325.000 резервации. Моделот 3 има почетна цела од 35.000 долари. Компанијата очекува да почне со испорачки на новиот модел при крајот на 2017.

Елон Маск објаснил дека Модел 3 не бил силен како Модел С. Меѓутоа, бил наменет да се споредува со Ауди А4 и BMW 3 Серијата.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија