X
 26.07.2016 Култура

Неверојатни жени кои засекогаш го смениле светот

Секако, повеќето луѓе слушнале за Марија Кири и Розалин Френклин, Џејн Гудал и Сали Рајд. Но за секој женски научник кој бил препознаен и славен, постојат уште илјадници кои биле случајно или неслучајно заборавени.


Флоренс Баском - Ни помогна да разбере како се создаваат планините

Флоренс Баском (1862-1945) ја има откриено нејзината љубов за геологија на едно патување со нејзиниот татко и нивниот пријател геолог. Таа била прогласена за една од најдобрите 100 геолози во 1906 во издание на списанието кое иронично се вика „Американските мажи во науката“. Во продолжение на нејзиното истражување, таа исто така има предавано на неколку важни геолози во следната генерација во колеџот „Брин Мор“.


Марџори Стоунмен Даглас - Еколошката значајност на Еверглејдс

Марџори (1890-1998) се преселила во Мајами за да пишува за Хералд, каде работел нејзиниот татко. Таа заминала да работи за Црвениот крст за време на Првата светска војна, а потоа се вратила кај Хералд пред да се пробие како писател. Таа имала можност да ја види важноста на националниот парк Еверглејдс. Таа има напишано книга до која ја има подигнато свеста за заканите со кои се соочува екосистемот.


Сесилија Пејн-Гапошкин - Открила од што е создадено сонцето

Сесилија (1900-1979) била астроном која дознала дека сонцето било создадено од хидроген и хелиум. Таа започнала да студира ботаника, а потоа после слушање предавање од физичарот Артур Едингтон, одлучила да ја смени насоката. Таа се преселила за да студира на Харвард, каде го поминала остатокот од нејзината кариера. Освен сонцето, таа ги има истражувано и другите ѕвезди, правејќи повеќе од милион фотографии од нив заедно со нејзиниот тим.


Рита Леви-Монталчини - Направила откритие за разбирање на нервниот систем

Рита Леви (1909-2012) била првата добитничка на Нобелова награда која доживеала 100 години. Родена во Италија, таа студирала медицина. За време на Втората светска војна морала да го напушти факултетот и да се пресели во село со нејзиното семејство, но продолжила да работи со наука и ги дисектицирала ембрионите од кокошка. После војната, се преселила во САД каде го открила нервниот растечки фактор. Потоа станала италијански сенатор и го работела тоа се до крајот на животот.


Чиен-Шиунг Ву - Открила како се збогатува ураниумот

Чиен-Шиунг (1912-1997) пораснала во Кина, а потоа се преселила во САД за нејзините последипломски студии. Таа открила како се збогатува ураниумот за нуклеарни бомби. Таа била одбиена за Нобелова награда за нејзината работа со која покажува дека природата не секогаш е симетрична.


Кетрин Џонсон - Го пресметала летниот пат на Аполо 11 до месечината

Кетрин Џонсон (1918-) ја има пресметано математиката за летниот пат на Аполо 11 мисијата да слета на месечината. Таа исто така има помогнато да се напише првиот учебник за вселената.


Розалин Јалоу - Развила техника која тестира дијабетес, вродени дефекти итн.

Розалин (1921-2011) го има поминато поголемиот дел од својот живот во Њујорк. Таа и нејзиниот лабораториски партнер развиле техника за учење на хормони која се користи и денес, наречена радиоимуноесеи. Го имаат користено овој процес за правење разлика помеѓу дијабетес тип 1 и тип 2. Може исто да одреди дали нероденото дете има одредени дефекти.


Естер Ледерберг - Открила дека бактеријата мутира на различни начини

Естер Ледерберг (1922-2006) истражувала бактерии и вируси. Нејзините техники на истражување придонеле за Нобелова награда за нејзиниот маж. Тогаш таа потврдила дека бактеријата мутира на различни начини, вклучувајќи одредена отпорност на некои антибиотици пред да бидат изложени на таа поединечна честичка. Таа исто така има откриено вирус кој лежи ниско во клеточната ќелија се додека ќелијата не изумре од други причини. Тоа денес се користи како модел за човечки вируси како херпес и тумори.


Ени Исли - Помогнала да го напише кодот за ракетниот систем Кентаур

Ени (1933-2011) планирала да стане медицинска сестра, но била инспирирана да работи во НАСА. Таа станала прво математичар, а потоа компјутерски програмер, работејќи на кодот за ракетното полетување и системот за раководење. Таа исто има предавано на деца и работела на енергетски проблеми.


Патриција Бат - Измислила уред кој отстранува катаракта

Патриција Бат (1942-) измислила уред за отстранување катаракта кој го замаглува видот на луѓето. Исто така има создадено поголема отвореност кон офтамологијата, односно поголем пристап за здравјето на очите. Организацијата која ја има основано, Американски институт за превенција од слепило, нуди капки за очи на новороденчиња.


Меј-Брит Мосер - Открила како нашите мозоци прават ментални мапи

Меј-Брит (1963-) помогнала да се откријат специјални нервни клетки во мозокот кои создаваат ментални мапи од местата каде што сме биле - работа која и' донесе Нобелова награда. Како психолог во Норвешка, почнала со изучување на мозоците на стаорците, посебно кога ги поминувале лавиринтите. Таа исто има истражувано како мозокот ги филтрира непотребните информации за да се фокусира на одредени проблеми и што се случува кога мозокот мисли дека сте некаде кога всушност не сте.


Франсоис Бар-Синуси - Ја открила причината за појава на СИДА

Франсоис (1947-) е Французинка која помогнала во откривање на ХИВ и заклучување дека вирусот предизвикува СИДА. Таа истражувала ретровируси и била дел од тим кој се обидувал да дознае дали СИДА-та била предизвикана од вирус. Потоа таа истражувала како имуниот систем одговара на ХИВ и СИДА за надеж од наоѓање на лек.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура