X
 27.07.2016 Здравје

На кој начин медицинската марихуана може да помогне во лекување на Алцхајмер?

Дали медицинската марихуана може да се дава како третман на пациентите со Алцхајмерова болест?

 

marihauna


Неодамнешно истражување покажа дека THC, психоактивна состојка во марихуаната, го стимулира отстранувањето на токсичната плоча во мозокот, честа карактеристика за болеста. Исто така, истражувачите открија дека го блокира воспалението кое ги оштетува невроните во мозокот.

„Разумно е да се заклучи дека постои терапевтски потенцијал на канабиноиди за лекување на Алцхајмеровата болест“, пишува Дејвид Шуберт, истражувач и професор на Салк институтот за биолошки истражувања.

Кит Фарго, директор на научните програми и теренска работа на Асоцијацијата за Алцхајмерова болест гледа терапевтски потенцијални компоненти од марихуаната со која би се ублажило воспалението на мозокот.

Додека истражувањето на Шуберт може да се покаже како интересно, резултатите се'уште не се подготвени - потребно е да се третираат вистински пациенти, вели Д-р Донован Мауст, асистент професор по психијатрија на Универзитетот во Мичиген. Мауст, кој не е дел од тимот на истражувачи, ја испитувал деменцијата како квалификациски услов за медицинска марихуана во негово сопствено истражување.

„Тешко е да се каже каков ефект ова може да има врз луѓето“, вели Мауст.

Во меѓувреме, Д-р Дејвид Касарет, шеф на палијативни услуги на Универзитетот Дјук, останува отворен за можноста марихуаната да има некаква корист.

„Зборував со многу членови на семејствата на лица со лесна или умерена деменција кои веруваат дека целото растение марихуана е ефикасно во намалувањето на збунетоста и вознемиреноста која повремено се случува“, вели Касарет.

Оваа идеја е поддржана од извештај од 2014 година основан на постоечките истражувања за марихуаната; холандските научници пронајдоа две истражувања кои покажуваат дека THC е корисен во лекувањето на бихејвиоралните симптоми на деменција. Слично на тоа, мало истражување од 2016 година, спроведено на 11 учесници открива дека ТНС помага во намалувањето на симптомите на илузии, вознемиреност или агресија, раздразливост, апатија и спиење кај пациентите со Алцхајмерова болест.

Додека намалувањето на овие симптоми кај пациентите е корисно, научниците се надеваат за нешто повеќе - како на пример превентивен третман, па дури и лек за Алцхајмеровата болест.

За жал, се'уште не постојат ефикасни терапии за спречување на Алцхајмеровата болест и други невродегенеративни состојби.

Една од причините за недостаток на третмани е тоа што овие болести предизвикуваат комплексно оштетување на мозокот. Шуберт верува дека голем дел од вината ја имаат фармаколошките научници. Современите истражувачи се одлучуваат за „редукционистички“ пристап. Тие се фокусираат на мали цели со лековите, како на пример еден протеин најден во невроните во мозокот. Истражувањето е многу тесно фокусирано, вели Шуберт.

Друга причина поради која не успеале експерименталните лекови за Алцхајмерова болест е тоа што на сите нив целта им се токсичните амилоидни плочи кои го затнуваат мозокот и ги убиваат мозочните клетки.

Истражувањето за ТНС на Шуберт започнало пред околу 10 години со куркумин, главната состојка во индиското кари.

„Во индиското население застапеноста на Алцхајмеровата болест е минимална“, вели Шуберт. Постоечката молекуларна структура на куркуминот беше лоша, па затоа тој заедно со неговите колеги го рафинираа и го зајакнаа, создавајќи лек наречен „Ј147“.

Експериментајќи на голем број животински модели со различни болести, тимот на Шуберт откри дека овој лек го намалува воспалението и ја намалува штетата што нервниот систем ја има врз клетките.

Според Фарго, важното нешто во врска со истражувањето на Шуберт е тоа што дава подобро разбирање за системот на канабиоид и како е возможно да го тргне мозокот подалеку од клеточната смрт. Смртта на невроните во мозокот на пациентите со Алцхајмерова болест придонесува тие да ги изгубат спомените и менталните способности - ако може да се запре умриањето на клетките, ќе може да се одложи напредокот на Алцхајмеровата болест.

„Апсолутно сум убеден дека марихуаната има вистинска медицинска употреба“, вели Шуберт.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје