X
 27.07.2016 Култура

Ново откритие за древните Маи

Некогаш се сметало дека еден владетел на Маите се погребува во центарот на вселенски брод. Сега, истражувачите откриле дека тој се погребувал во канал што би го однел до подземјето.


Под една пирамида, за која се смета дека е гроб на владетел на Маите, бил откриен подземен воден тунел од страна на Институтот за национална антропологија и историја. Пирамидата е зачувано место на УНЕСКО и е дом на владетелот Пакал Големиот.

Тунелот бил направен од камен и е широк и висок околу 60 центиметри. Арнолдо Гонзалез изјави дека гробот и пирамидата сигурно биле изградени над водениот извор намерно некаде меѓу 683 и 702 година. Каналот бил изграден како пат до подземјето за телото на погребниот.


„Има алегорично значење за водата, каде што започнува и завршува животниот циклус“, вели Педро Санчез Нава, директор на институтот.

Кога станува збор за токму оваа пирамида, во една книга од 1968 година, авторот Ерих Вон Даникен напишал дека Маите го погребале владетелот во саркофаг кој потсетувал на вселенски број бидејќи му се восхитувале како на Бога.

Археолозите сега покажаа дека оваа теорија не е поткрепена. Но, тие велат дека подземниот канал можеби е дел од канал за наводнување изграден од Маите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура