X
 28.07.2016 Наука

Се сеќавате на предизвикот со ледена кофа? Што се случи со собраните пари?

Се сеќавате на „Предизвикот со ледена кофа“, односно „Ice bucket challenge“? Многумина од вас веројатно биле дел од него. Овој предизвик го освои светот во 2014 година и имаше цел да собере пари за наоѓање лек за Лу-Гериговата болест.


Навистина, штотуку дознавме дека кампањата собрала доволно пари за да направи големо медицинско откритие. Кампањата собрала речиси 115 милиони долари за само два месеци, од кои две третини биле искористени за истражување и развој.

Еден милион долари биле доделни на фондот кој го открил генот одговорен за болеста. Генот се нарекува НЕК1, кој е еден од најчестите кои придонесуваат кон појавата на болеста.

Откривањето на овој нов ген ќе понуди нови можности за третирање на болеста.

Истражувачите велат дека тие не би можеле да го спроведат истражувањето на толку многу пациенти доколку не бил создаден предизвикот. Со финансиите собрани од предизвикот, научниците работеле на меѓународно ниво за да го состават геномот на најмалку 15.000 пациенти.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука