X
 29.07.2016 Технологија

Балканците почнаа да заработуваат од Покемон гоу

Кога пред неколку години светот дозна дека Американец продава еднорог, сите се зачудиле, но денес ова не е ништо ново бидејќи веќе со денови страниците се полни со огласи за продавање покемони кои се продаваат и за стотици долари.


Играта која го освои светот за помалку од 20 дена инспирирала бизнис идеја која се проширила и на Балканот. Имено, „eBay“ е полн со огласи за продавање профили за играта и тоа со веќе фатени покемони на напредно ниво. Со други зборови, доколку не сакате да одите по улица и да ги бркате овие виртуелни животни, може да си купите профил на некој кој веќе ги бркал.

Со оглед на тоа што играта е бесплатна, оваа идеја веќе заживеала во Србија. Веќе има и ценовник за покемоните, а цените варираат во зависност од нивото. Така, за профил кој стигнал до 20 ниво мора да издвоите околу 15-на евра.





Постапката е едноставна. Купувачот добива корисничко име и лозинка од профилот откако ќе ги уплати парите, по што може да продолжи со играње.

Судејќи според бројот на огласите, покемоните се продаваат многу брзо, но разликата во цената во однос на САД е огромна. На пример, еден Англичанец од Манчестер пред три дена го продал својот профил на 21 ниво за 1.500 евра на „eBay“.

„Nintendo“ ги предупреди своите корисници дека користењето нивни профили за комерцијални цели е забрането.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија