X
 30.07.2016 Образование

Интервју со Иван Михајлов, еден од најдобрите студенти на ФЕИТ: Континуирано и темелно учење - клуч за успех


 
1. Што значи да се биде награден студент на најдобриот факултет при УКИМ – Факултетот за електротехника и информациски технологии?
- Да се биде студент на ФЕИТ и уште да се биде награден, пред се, претставува добивање заслуга за безбројните часови искрена работа и посветеност на студиите. Навистина, убаво чувство. Самата награда претставува голем поттик за поголеми успеси во иднина.

2.Тешко ли е да се студира на ФЕИТ?
Да, комплицирано е. Генерално, техничките науки се комплицирани и бараат огромна посветеност од оној што ги изучува. Имам желба да го изучувам и истражувам тоа што го студирам и затоа, студирањето не ми претставува тешкотија, туку задоволство.

3. Кој е Вашиот модел за успешно студирање?
Континуираното и темелно учење и истражување, можеби, е клучно за успешно совладување на студиите. Сметам дека треба, од прилика, да проектираме една замислена слика за самите себе во однос на тоа со кои области, како инженер, би располагале и што би понудиле по завршување на студиите. Во тој случај, би можеле да ги одбереме изборните предмети кои ја зголемувааат резолуцијата на замислената слика.

4. Што би им препорачале на Вашите идни колеги?
Доколку ја сакаат науката и технологијата и се запишат на ФЕИТ, дефинитивно ќе им биде интересно. Јас ја одбрав насоката на студирање - компјутерско хардверско инженерство и електроника при Институтот за електроника, каде професорите и асистентите кои ми предаваа секогаш биле достапни за решавање проблеми во однос на материјалот од предметите кои ги предаваат или се поврзани со нивните области на предавање. Голема позитива е тоа што, практично, се запознаваме со предметите во лабаратории до кои сите имаме пристап.

5. Каде ја гледаш својата иднина?
Кога ќе завршам со дипломските студии би сакал да стекнам работно искуство и можеби да продолжам со студирање и да се посветам на научно истражувачката дејност доколку согледам таква можност и ги имам истите амбиции.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование