X
 01.08.2016 Наука

Пронајден нов антибиотик на место каде што најмалку се очекувало

Научниците откриле бактерија која живее во човечкиот нос, а произведува антибиотик способен за убивање на еден од најтешките патогени за уништување. Тоа е патогенот кој предизвикува сериозни кожни инфекции, инфекции во крвта и пневмонија.


Германските истражувачи откриле дека оваа супстанца ефективно ги лечела кожните инфекции кај глувците предизвикани од Staphylococcus aureus, пишува во истражувањето објавено неделава. Научниците велат дека супстанцата, која ја нарекуваат лугдунин, има антимикробски ефекти кон повеќе бактерии, не само оваа споменатата.

Научниците велат дека откритието претставува прв познат пример за нова класа на антибиотици. Тоа е добро бидејќи луѓето стануваат се' позависни од антибиотиците и потребни се нови. Досега, научниците се фокусирале на барање соединенија од бактерии во нечистотија, но новото истражување се фокусирало на микроорганизми кои живеат во човечкото тело, особено во носот.

Научниците се' уште не знаат како функционира новиот вид антибиотик и клиничките испитувања во следните години ќе ги откријат деталите. Бактериите кои живеат во телото на човекот бројат над илјада видови, а можеби има и други кои делуваат како антибиотици.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука