X
 01.08.2016 Технологија

Заборавете на Apple и Google - кој всушност го освои светот на мобилните телефони?

fb

 

Со обемот на мобилни телефони, преземања на апликации и финансиски трансакции преку соодветни продавници за апликации, се разбира дека Apple со iOS и Google со Android треба да се гледаат како победници во војната помеѓу паметните телефони.


Овие две компании се ненадминливи во областа на мобилните телефони - Microsoft се'уште е во игра со Windows 10, меѓутоа воглавно фокусот на оваа компанија е на десктоп и облакот, а не на повторното создавање на успехот на Nokia.

Гледајќи на другата страна на дебатата со софтверите, постојат и други компании кои најверојатно ќе можат да се надеваат на победа. Најголема од овие компании е Facebook.

Известувајќи за кварталните податоци, извештајот на Марк Цукерберг за оваа социјална мрежа прикажа повеќе од 2 милијарди долари профит - но особено обрна внимание на влијанието кои мобилните телефони го имаа врз неговиот успех: над милијарда активни корисници во текот на денот, додека 84% од приходите од рекламите доаѓаат преку мобилните телефони. Додека Facebook се'уште е најсилен меѓу корисниците на лап топи и десктоп компјутери, сепак успеа да го ротира успехот и во областа на мобилните телефони.

Оваа компанија сфати како да ги искористи мобилните телефони, ги сфати корисниците на мобилните телефони тогаш и сега, и најважно, сега знае како да создаде вредност за безброј партнери, брендови, публикации и луѓе кои ги пласираат своите содржини на оваа социјална мрежа.

Токму на овој начин се победува во областа на мобилните телефони.

Facebook презеде голем број ризици, а голем дел од моменталната сила лежи во подготовката на нивната следна цел и поставувањето на значајни облози. Некои од нив не успеале (како апликацијата Notify), меѓутоа другите се покажаа како силен дел. Instagram очигледно се покажа како голема победа.

Мобилните телефони продолжуваат да бидат моторот кој го движи Facebook, а се очекува основните и помошните апликации да продолжат да растат во текот на 2016 година и понатаму. Иако се'уште треба да навлезе во Android и iOS уредите, би бил ризичен потег за Apple и Google да го ограничат пристапот и да создадат телефон кој не го поддржува Facebook, со што телефонот автоматски не би бил воопшто вреден.

Facebook за брзо време ја сфати потребата да навлезе во полето на мобилните телефони и сега жнее награди. Тие продолжуваат да иновираат со услуги за видео и виртуелна реалност чија цел е да го зголемат враќањето на Facebook. Која друга компанија управува со мобилните телефони толку силно колку Марк Цукерберг и неговиот тим?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија