X
 02.08.2016 Култура

Која е поврзаноста на Никола Тесла со Доналд Трамп и Хилари Клинтон?

Постои интересна поврзаност помеѓу познатиот српски пронаоѓач Никола Тесла со Доналд Трамп и Хилари Клинтон.

 

тесла


Неколку дена после смртта на Тесла на 8 јануари 1943 година, неговиот имот бил запленет од страна на владината Канцеларија за вонземјани. Околу 3 недели после тоа, сите работи и документи на Тесла им биле предадени на агентите на ФБИ. Дел од овие агенти бил и Џон Г.Трамп, чичко на сегашниот републикански кандидат за претседател на Америка, Доналд Трамп.

Чичкото на Трамп бил успешен интелигентен човек, професор по инженерство на Институтот за технологија во Масачусетс кој помогнал во дизајнирањето на X-ray машините за болните од рак и имал удел во истражувањето за армијата за време на Втората светска војна.

При анализата на документите на Тесла, Џон Трамп заклучил: „Мислите и напорите на Тесла во последните 15 години беа од шпекулативен, филозофски и промотивен карактер меѓутоа не вклучуваат нови, практични принципи и методи за реализирање на вакви резултати“.

Самиот Доналд Трамп често пати го цитира неговиот чичко, повикувајќи се на неговата интелигенција за сопственото генетско и историско потекло.

 

1


„Мојот чичко ми раскажуваше за нуклеарната пред нуклеарната да биде нуклеарна“, изјави Трамп во една можност. Ова веројатно се однесува на хидрогенските бомби, а не на првата нуклеарна бомба, со оглед на тоа што Трамп бил роден во 1946 година.

Трамп исто така се сеќава како тој му раскажувал за тоа колкава моќ ќе има оружјето во иднина, и дека деструктивната сила на ова оружје ќе биде толку силна што светот ќе биде страшно место за живеење.

Според Трамп, брилијантноста и интелигенцијата на неговиот чичко се доказ дека и самиот тој е паметен и интелигентен:

„Братот на мојот татко беше брилијантен човек... имаме многу добра генетика“, е една од многуте изјави на Трамп во врска со неговиот чичко.

Другото исклучително поврзување на Тесла со овој изборен претседателски циклус лежи во неговата визија за иднината на жените во оваа земја. Многу од технолошките предвидувања на Тесла се реализираа и се огледало на сегашната реалност.

Во едно интервју, објавено со драматичен наслов „Кога жената е шеф“, Тесла опширно зборува за иднина во која жените ќе имаат еднаквост и ќе ги надминат мажите во интелигенција и моќ, а голем дел од нив ќе ја изгубат женственоста.

 

2


Сепак, не е јасно колкаво место имале жените во животот на овој генијалец со оглед на тоа што тој никогаш не се оженил. Се смета дека воопшто не бил сексуално активен и дека било исклучиво фокусиран на работата на умот.

„Борбата на жената кон половата еднаквост ќе заврши со нов сексуален ред, со жената како супериорна. Модерната жена, која учествува во унапредувањето на нејзиниот пол е само површен симптом на нешто подлабоко.

Жените ќе ја наметнат својата еднаквост меѓутоа не во плитката физичка имитација на мажите, туку во будењето на нивниот интелект. Преку безброј генерации, уште од самиот почеток, социјалната покорност на жените резултираше природно во делумна атрофија или барем наследна суспензија на менталните квалитети за кои знаеме дека женскиот пол ги има исто колку и мажите.

Но, женскиот ум покажа капацитет за сите ментални достигнувања и постигнувања на мажите, а како генерациите продолжуваат, капацитетот ќе се прошири; просечната жена ќе биде исто добро образована како и мажот, а потоа подобро образована до активност која ќе биде се' поинтензивна и помоќна поради вековниот одмор. Жената ќе го игнорира преседанот и ќе ја воодушеви цивилизацијата со својот напредок.

Успехот на жената на многу полиња, нивната постепена узурпација во лидерството ќе ја уништи нивната женска сензибилност, ќе го задуши нивниот мајчински инстинкт, такашто бракот и мајчинството ќе бидат поретки во цивилизацијата“, вели Тесла. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура