X
 04.08.2016 Култура

Најпопуларните актери од "Game of thrones" на социјалните мрежи

Следењето на актерите од познатата серија „Game of thrones“ на социјалните мрежи ви овозможува интересен начин да се зближите со нив и со животот кој тие го водат надвор од серијата. Ова се најактивните и најпопуларните актери на социјалните мрежи.

 

актери

 
Тор Бјорнсон кој го глуми ужасниот Сер Грегор Клегејн, познат како Планината. Но, неговиот профил на Инстаграм е преполн со неодоливи кученца и видеа од неговата рутина на вежбање.

Follow @asterix_astrikur @asterix_astrikur

A photo posted by Hafþór Júlíus Björnsson (@thorbjornsson) on


Инстаграм профилот на Софи Тарнер (Санса Старк) изобилува со фотографии од неа и од нејзината најверна другарка Мејси Вилијамс (Арја Старк) како и други актери од серијата.

Mr and Missbehaving #mophie

A photo posted by Sophie Turner (@sophiet) on


Мејси Вилијамс (Арја Старк) постојано постира фотографии и видеа на Инстаграм и Јутјуб.


Емилија Кларк (Денерис Таргариен) не е само Мајка на змејовите туку и Кралица на хаштаговите на Инстаграм.


Карис Ван Хутен ја глуми црвената свештеничка Лејди Мелисандра во серијата, а нејзиниот Твитер и Инстаграм профил се полни со забавни шеги. После премиерата на 6-та сезона, откако фановите дознаа дека ѓерданот на Мелисандра ја одржува убава и млада, Ван Хутен го постира ова:

Исак Хемпстед-Рајт е тинејџерот кој го глуми Брен Старк. Исак често постира важни коментари и фотографии после епизодите на „Game of thrones“. Кога во петтата епизода, „The Door“, беше откриено дека Брен е виновен за уништувањето на животот на Ходор, Исак испрати твит:

Неговиот пријател Кристијан Наирн кој го глуми Ходор, веднаш постира фотографија на Твитер после ужасната епизода.

Лена Хедеј (Серсеј Ланистер) е уште една глумица која е активна на Твитер. Таа често комуницира со фановите и постира фотографии.

Јуџин Мајкл Сајмон го глуми религиозниот фанатик Лансел Ланистер, меѓутоа во вистинскиот живот е Твитер фанатик.

Даниел Портман (Подрик Пејн) е уште еден актер кој обожава да споделува твитови поврзани со серијата.

Гвендолин Кристи (Бриен од Тарт) обожава да поставува твитови за нејзиниот лик и ги известува фановите за епизодите кои доаѓаат. 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура