X
 04.08.2016 Култура

Зборови кои никогаш не треба да ги користите во вашето CV

Прегледувањето и преправањето на СV-то за секое ново аплицирање за работа е нешто кое сите го правиме. На овој начин мислиме дека CV-то постојано е ажурирано, меѓутоа ако и покрај ова не добивате повратна информација тогаш проблемот треба да го барате подлабоко.

 

св


Потребно е да откриете кои зборови ги користите премногу и кои фрази се клише. Тие можат да бидат зборови кои ве кочат во успехот и кои го уништуваат вашето CV. Така на пример, како генерално правило, нема потреба да споменувате дека знаете да го работите Microsoft Office. Ако сте родени после 1990 година, тогаш е и повеќе од јасно.

Ова се некои од зборовите кои дефинитивно треба да ги избришете од вашето CV.

1. Перфекционист

Ова веројатно е една од најголемите грешки, а луѓето често пати мислат дека е безбеден начин за опишување на себеси како личност. Ако аплицирате за работна позиција која ве тера да размислувате стратешки и долгорочно, тогаш сигурно не сакате да оставите впечаток дека ќе бидете микро-менаџер. Дури и професиите кои од вас бараат обрнување на внимание на деталите, нарекувајќи се себеси „перфекционист“ може да ве прикаже како опсесивни наместо фокусирани.

2. Мултитаскинг

Повеќето луѓе не можат да извршуваат мултитаскинг, туку се добри во префрлањето од една на друга задача. Додека ова може да ве прикажи како продуктивни, исто така може да ве прикаже и како личност на која лесно ѝ се одвлекува вниманието. Подобро би било да покажете дека сте добри во одредени поединечни задачи, отколку во 10 задачи наеднаш.

3. Напорен работник

Ваквите изјави треба да ги избегнувате. Зошто? Прво затоа што работодавецот нема поима дали ова е вистина или не, и второ, никој за себе нема да рече дека не е напорен работник.

 

2


4. Ентузијастичен и страстен

Наместо да опишувате, покажете дека се грижите за нешто со тоа што ќе споделите информации за одредено волонтирање во вашето CV. Особено избегнувајте ги овие зборови ако немате ништо со што би ги поддржале.

5. Тимски играч - кој добро работи индивидуално

Голем дел од овие проблеми се појавуваат бидејќи компаниите им даваат инструкции на кандидатите според кои тие секоја точка треба да ја третираат како „спецификација на личноста“.

Токму поради тоа голем дел од кандидатите користат зборови кои работодавците ги мразат, а еден од најдобрите начини за избегнување на овие зборови е да се придржувате кон техниката: „Покажи, не кажувај“.

Наместо да кажете дека сте ентузијаст, покажете го во вашиот опис на претходни работни позиции. Ова важи и за зборот тимски играч.

Голем дел од овие фрази не се само лоши затоа што се клишеа, туку тие се штетни бидејќи ги користиме како замена за зборови за позитивни зборови на кои не можеме да се сетиме. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура