X
 05.08.2016 Живот

Младите луѓе се помалку сексуално активни од нивните родители

Младата милениумска генерација се помалку сексуални активни од било која генерација од 1920 година, вели истражувањето.

 

секс


Експертите претходно претпоставува дека луѓето родени во 90-тите, и познати како „Милениумци“ се повеќе промискуитетни отколку генерациите претходно поради достапноста и популарноста на апликациите за пронаоѓање партнер како што се „Tinder“ и „Gridr“.

Но, научниците од Флорида Атлантик универзитетот открива дека луѓето на возраст од 20 до 24 години денес имаат поголема веројатност да се воздржат од секс отколку било која генерација во период од изминативе 90 години.

Околу 15% на оваа возрасна група во Америка немале сексуални партнери од 18 години, откриваат истражувачите. Од оние родени во 1960-тите, само 6% немале секс кога биле на иста возраст.

 

Единствената друга генерација која покажала слична стапка на сексуална неактивност била генерацијата родена во 1920-тите - оние кои наполнале 20 години во годините на Втората светска војна или веднаш после војната.


Истражувањето открива и дека во Велика Британија стапката на тинејџерска бременост опадна на рекордно ниско ниво. Според Канцеларијата за национална статистика имало помалку од 23.000 бремености кај девојчињата на возраст под 18 години во Англија и Велс во 2014 година, ниво на концепција невиден од 1969 година.

 

Падот на стапката на бременост ги следи убедливите докази дека кај тинејџерите се' помала е веројатноста да пушат, пијат или се дрогираат со оглед на тоа што голем дел од нив го поминуваат своето слободно време седејќи на социјалните медиуми наместо дружејќи се со своите пријатели.


Дел од истражувачите укажуваат на таканаречениот „Фејсбук ефект“ кој доведува наместо тинејџерите да го поминат слободното време надвор, тие се посветуваат на нивните уреди.

Д-р Рејн Шерман од Флорида Атлантик Универзитетот кој го предводеше истражувањето вели: „Ова истражување е спротивно на широко распространетата идеја дека младите луѓе денес се најмногу сексуално активни поради апликациите за пронаоѓање партнери. Нашите податоци покажуваат дека воопшто не е така и дека Милениумците не се повеќе промискуитетни отколку нивните претходници“, вели тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот