X
 05.08.2016 Живот

Работник го тужел шефот затоа што умирал од здодевност на работа

Сигурно многу пати, додека сте биле на работа сте си помислиле: „Би умрел од здодевност“. Французинот Фредерик Деснард бил толку уморен од здодевноста со која се соочувал секој ден на работа што одлучил да го тужи неговиот шеф и да побара 360.000 евра поради здодевност на работа.

 

шеф


Деснард работел за компанијата „Interparfums“ која се занимава со производство на парфеми, во периодот од 2010 до 2014 година. После речиси две години добил отказ, а за работата вели дека толку му била здодевна што паднал во депресија.

Адвокатот Монтасер Чарни вели: „Деснард патеше од депресија, имаше сообраќајна несреќа поради епилептичен напад, падна во кома и беше на боледување“.

Фредерик добивал плата околу 3.500 евра месечно, а вели дека не работел ништо. Официјалниот опис на неговото работно место бил: „генерален менаџер на услуги“, но вели дека неговите надредени го нарекувале: „дечко“. Тие го испраќале да ги извршува нивните обврски, и неколку пати отишол да ги земи децата на надредените од нивните тренинзи.

Тука се поставува прашањето дали е возможно да се чувствуваат физички последици поради нешто толку банално како што е здодевноста - психолозите велат да.

Д-р Санди Ман вели дека здодевноста на работа е сериозен проблем, а една од последиците може да е намалување на животниот век. Истражувањето направено на 7.000 државни службеници во Велика Британија, покажува дека вработените на кои им е здодевно почесто умирале во текот на 24 годишното истражување, од вработените на кои не им е здодевно.

Ман вели дека луѓето не умираат од здодевност во буквална смисла, но можат да умрат млади затоа што бараат дополнителна стимулација на работното место со што се насочуваат кон храната, алкохолот и дрогата. Освен тоа, самата здодевност може да се манифестира со стрес и депресија. Краткорочната здодевност може да стимулира креативност, што е докажано со многу психолошки истражувања, меѓутоа долгорочните последици од здодевноста се'уште претставуваат мистерија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот