X
 06.08.2016 Култура

16 годишното момче кое ја тужеше американската влада поради климатските промени

Неговото име е Ксиутезкатл Мартинез. На 16 години, тој е еден од најпознатите активисти за животна средина кој се бори против климатските промени поголемиот дел од неговиот живот.

 

momce


Мартинез, кој потекнува од Колорадо, стана страстен глас за младите низ светот, барајќи од владините лидери да преземат брза акција за спречување на последиците од климатските промени. Тој беше дел од групата деца кој го тужеле американскиот претседател Барак Обама на почетокот на оваа година, наведувајќи дека неговата администрација не успеала да ја заштити животната средина за идните генерации и тој организирал петиција со која бара идниот претседател да ги исполни истите очекувања кои ги имале претходно. Овој тинејџер е и хип-хоп уметник, и својата порака ја пренесува токму преку музиката.



Со неговата долга, темна коса Мартинез го зема микрофонот во рака и личи како вистински професионалец. Зборува елоквентно и страсно, а со протестите започнал во неговата шеста година. На видеото подолу се наоѓа еден од неговите први јавни настапи.

Неговата елоквентност и страст го направија портпарол на неговата генерација. Тој стана светски познат активист за климата и Младински директор на чуварите на Земјата, младинско активистичко движење кое било основано во 1992 година. Пред две години, движењето го создаде краткиот филм „Kid Warrior“ кој го прикажува младиот активист на 14 годишна возраст.



Денес, 10 години после првиот јавен говор, ова младо момче работи на мобилизирање на младите деца и тинејџери во 25 земји - заедно тие бараат заштита на животната средина од креаторите на политиката, а понекогаш и самиот Мартинез се обраќа на пратениците. На видеото подолу, младиот активист зборува пред Генералното собрание на ОН за климатски промени.



Ксиутезкатл ги повикува владините агенции да работат и да ги запрат климатските промени и да ја заштитат животната средина за идните генерации.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура