X
 07.08.2016 Наука

Kоја е идеална возраст за заеднички живот, брак и деца?

Според истражувањето направено во 2013 година, најдобрите просечни години за стапување во брак се 27 години за жените, а 29 години за мажите. Во друго истражување од 2008 година откриено е дека стапката на разводи е поголема помеѓу паровите кои стапиле во брак пред да наполнат 23 години.

 

брак


Заеднички живот


Резултатите од истражувањата спроведени во 1992 година тврдат дека е поголема стапката на разводи помеѓу паровите кои пред бракот живееле заедно. Поновите истражувања покажуваат дека заедничкиот живот пред бракот не може да им наштети на паровите, туку спротивно, може да им помогне. Последните истражувања, спроведени од 2006 до 2010 година покажуваат дека за жените најдобро време за вселување со партнерот е на возраст од 25 до 29 години и тоа после три годишна врска. За жените под 24 години поголема е веројатноста заедничкиот живот и врската да не успеат, ако се вселат со партнерот.

Брак

Според истражувањата од 2013 година, најдобрите просечни години за стапување во брак за жените е 27 години, а за мажите 29 години. Едно друго истражување од 2008 година, покажува дека стапката на разводи е поголема помеѓу паровите кои стапиле во брак пред 23 години. Важна улога во ова игра и образованието, па така паровите кои се венчале после завршувањето на факултетот имаат поголеми шанси за успех од помалку образованите парови. Но, тука е и времето кое парот го поминал заедно пред стапувањето во брак. Паровите кои биле заедно подолго од 6 месеци имале поголеми шанси за успех во бракот.

Деца

Истражувачите открија дека поголеми шанси за одржување на врската имаат парови кои штотуку се венчале, а потоа започнале со проширување на семејството. Научниците тврдат дека идеално време за ова е околу една година после бракот и секако пред 35-та година. Исто така, тие нагласуваат дека избрзувањето при одлуката да се има дете може да биде доста лоша за врската и емоционално и финансиски. Тинејџерската бременост се покажа дека скоро секогаш резултира со раскинување или развод.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука