X
 08.08.2016 Живот

На Унгарија и` се потребни странски работници

На Унгарија секоја година ѝ недостасуваат 40.000 до 50.000 работници што значи дека за 10 години ќе ѝ недостасуваат 500.000. Притоа, Унгарија има крајно одбивен однос кон бегалците.

 

унгарија


Со оглед на тоа што познатиот унгарски град Сиофок, на брегот на езерото Балатон, е атрактивна локација, работата треба да биде во подем, меѓутоа е влошена. Проблемот не е во бројот на посетители, туку во келнерите. „Во моментот имаме пет келнери, меѓутоа потребен ни е уште еден или двајца“, вели Бенигн Немет, менаџерка на еден од клубовите во градот која додава дека постојано бара на интернет, поставува реклами и бара персонал, меѓутоа нема никаква среќа. „Се обидовме се', но не можеме да пронајдеме работници“, додава таа.

Ова не е проблем само кај неа. Унгарија се бори со недостиг на работна сила. Оваа година, 35.000 работни места останаа празни.

Националната организација за вработување неодамна го претстави својот предлог за решавање на оваа ситуација, а тука спаѓа и вработување на странски работници. „Сметаме дека ни се потребни работници од странство, поради потребата за нивно вработување имиграцијата во Унгарија ќе биде доста важна“, вели Ференц Ролекс, заменик претседател на Конфедерацијата на унгарските работодавци и индустријалци. Според него, на Холандија секоја година ѝ недостасуваат дополнителни 40.000 до 50.000 работници, што значи дека за 10 години ќе ѝ недостасуваат 500.000.

Демографија

Главната причина за ова е демографскиот развој. Ниската стапка на наталитетот доведе до намалување на бројот на жители такашто во 2011 година за прв пат од 1960 година, беше под 10 милиони. Покрај тоа, многу Унгарци ја напуштија земјата во потрага по поголема заработка во други држави на ЕУ. Министерот за економија, Михали Варга ја поддржува идејата на работодавците и вели дека владата треба да ја поддржи идејата за позајмување на квалификувани работници од третите земји - и оние надвор од ЕУ.

Локалните медиуми веднаш укажаа на контрадикција помеѓу концептот и однесувањето на Холандија кон бегалците и мигрантите кои доаѓаат во Европа. Будимпешта прави се' за да го спречи нивното влегување во земјата. Унгарската влада нагласува дека помеѓу имиграцијата и тероризмот постои директна врска. За октомври е планирано одржување на референдум за тоа дали Холандија ќе го прифати системот на ЕУ квоти за распоредување на бегалците. Премиерот Виктор Орбан вели дека гласањето против тоа ќе помогне за унгарската независност.

Само еден ден после изјавата на Михали Варга, неговото министерство најави дека „миграцијата не е одговор за недостигот на работна сила“ и нагласи дека медиумите погрешно ја интерпретирале неговата изјава. Тој додава дека и министерот за економија не го одобрува доведувањето на неквалификувани и неписмени мигранти во Европа.

Сепак, во изјавата се вели дека владата го поддржува носењето на квалификувани работници од странство за некои професии

Непополенети места

Раководителот на комуникации на германската стопанска комора, Дирк Велфер вели дека германските фирми, кои сочинуваат една четвртина од сите странски инвестиции во Унгарија, го намалиле обемот на работа во оваа земја поради недостигот на работници. „Долгорочно гледано, ако немате на располагање квалификувани работници, добро ќе размислите дали да го проширите капацитетот“.

Во предлогот на Конфедерацијата на работодавци се вели дека би требало да се примат емигранти кои лесно ќе можат културно да се интегрираат во унгарското општество. „Ако некој е многу различен, ако не ги почитува законите и редот, или не е во состојба да се интегрира во нашата култура, тогаш ваквата компанија тешко ќе биде да се води“, вели Ференц Ролекс. Најлогично би било да се привлечат граѓаните од соседните земји кои имаат унгарски корени. Во 1920 година, делови од Унгарија биле поделени на соседите - Србија, Украина, Романија и Словачка. Во овие земји се'уште постојат луѓе кои зборуваат унгарски. Експертите сметаат дека би било мудро Унгарија да побара работници надвор од нејзините граници.

 

2


Диверзификација

Мартин Каханек, професор по јавна политика на централноевропскиот универзитет, е специјалист за економија на трудот и имиграцијата. Тој вели дека мигрантите кои се „компатибилни“ со Унгарците полесно се интегрираат, но не работат во професиите кои се дефицит во Унгарија. „Мигрантите кои доаѓаат од далечните култури, региони и земји може потешко да се интегрираат, но имаат способности кои се нови, носат поголема динамика и отвораат нови можности за економијата“. Според неговите зборови, мигрантите кои имаат различни способности можат да ги оживеат трговиите и бизнис односите во целиот свет, а ова е нешто на кое унгарската влада работи со години.

Она со кое сите се сложуваат е дека подоброто образование и обука придонесе за вклучување на голем број Унгарци во работните процеси. Особено е голема невработеноста кај Ромите, кои се жртви на широко распространета дискриминација. Работодавците предлагаат Ромите подобро да се интегрираат во општеството и уште во прво одделение на училиште да се води сметка за нивно подобро образование. За овие предлози ќе се дискутира во септември кога ќе продолжат разговорите со владата. Ролекс е убеден дека решението за малиот број на работници не може да се најде само во Унгарија. „Се'уште сметам дека дури и ако ги искористиме сите ресурси во Унгарија, тие не се доволни за да се задоволи побарувачката“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот