X
 08.08.2016 Технологија

Погледнете како Audi ги тестира своите нови автомобили

Сигурно ве интересира што се' треба да помине еден нов модел на автомобили пред компанијата да го одобри неговото сериско производство? Audi своите нови модели ги тестира и во најсуровите временски услови.

 

ауди


Тестирањето е познат под ознаката INKA (Ingolstadt Korrosion und Altern) и досега на ваков начин проверил околу 100 автомобили. Главната цел на тестирањето е да се провери отпорноста на автомобилот на корозија и стареење на каросеријата. Автомобилот се наоѓа во услови кои симулираат „животен“ век на автомобилот од 12 години.

 

2

3


Тестот се одвива во неколку фази. Првата фаза е прскање на каросеријата со солен раствор и изложување на автомобилот во климатска комора со постојана температура од 35 Целзиусови степени. Втората фаза е изложување на автомобилот на тропска топлина, со температура од околу 50 Целзиусови степени и влажност на воздухот од 100%. Третата фаза е зрачење од сонцето кое го емитуваат 80 ламби со поединечна сила од 1.200 вати.

 

4


Следната фаза е поларниот тест, каде автомобилот се изложува на температура од -35 Целзиусови степени, а со помош на четири компресори автомобилот се изложува на студен бран на воздух за што повеќе да се „оптовари“ каросеријата. Ако во овие тестови каросеријата не попушти, тогаш следуваат нови фази во реални услови.

 

5


Реалните тестови траат 19 недели. За време на овие тестови автомобилот поминува 12.000 километри на различни видови подлога. Финалната фаза подразбира демонтирање на автомобилот на 600 делови и се испитуваат нивните слабости и недостатоци. Токму од состојбата на овие делови, компанијата доаѓа до информации за унапредување на компонентите за нови модели или модернизирање на постоечките.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија