X
 09.08.2016 Технологија

Листа на популарни Андроид уреди кај кои го има безбедносниот проблем

Скоро една милијарда Android уреди се под ризик од безбедносен проблем кој на хакерите може да им овозможи пристап до сите податоци и хардвер, вклучувајќи ја и камерата.

 

уред


Проблемот, наречен Quadrooter беше забележан од истражувачите од Check Point, меѓународна компанија за компјутерска безбедност. Проблемот е забележан кај сите уреди кои користат Qualcomm чип - односно кај околу 900 милиони телефони и таблети.

„Никој повеќе нема уред кој е целосно безбеден“, вели Мајкл Шаулов, шеф на управување со мобилноста на производот во Check Point.

Напаѓачот може да ја натера жртвата да инсталира малициозни апликации на телефонот, испраќајќи им линк на кој ќе можат да ги преземат. Апликацијата нема да бара специјални дозволи, со што на хакерот ќе му овозможи таканаречен „root“ пристап. Тоа значи дека хакерот ќе има пристап до сите податоци на телефонот и ќе може да ја употреби камерата и микрофонот.

Qualcomm вели дека издаде решение кое Google ќе го објави следниот месец во своите месечни ажурирања и поправки. Nexus уредите први ќе имаат можност да го поправат проблемот, а потоа и другите производители во наредните неколку дена.

Листата на популарни уреди кај кои го има проблемот се: BlackBerry Priv и Dtek50, Google Nexus 5X, Nexus 6, Nexus 6P, LG G4, LG G5, LG V10, Sony Xperia Z Ultram, HTC One, HTC M9, HTC 10 , Blackphone 1 и Blackphone 2.

Агенциите велат дека компанијата недоволно брзо создала решение за проблемот, оставајќи ги корисниците ранливи. Од Qualcomm велат:

„Бевме известени од истражувачите за слабостите помеѓу февруари и април оваа година, а направивме решението за сите четири пропусти да биде достапно помеѓу април и јули. Продолжуваме да работиме проактивно со безбедносните истражувачи за да ги идентификуваме и решиме потенцијалните безбедносни слабости“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија