- Средствата ќе се искористат за реконструкција на домовите
- Вработените од Македонски Телеком организираат донаторска акција и ќе помагаат во санирање на штетите во настраданите подрачја
Македонски Телеком ќе донира два милиони денари за семејствата од поплавените подрачја кои како последица на силното невреме претрпеа големи материјални и емотивни штети. Средствата ќе бидат префрлени на посебната донаторска сметка на општина Гази Баба, отворена за оваа намена и ќе се искористат исклучиво за реконструкција на нивните домови.
Вработените во Македонски Телеком истовремено организираат донаторска акција за помош во соработка со Црвен Крст за собирање на најнеопходните средства и ќе помагаат на терен во санирање на штетите во настраданите подрачја.