X
 10.08.2016 Наука

Искуствата близу до смртта покажуваат дека свеста е целосно одвоена од мозокот

Ако свеста е скриена во вашиот мозок, тогаш логички е да очекуваме дека свеста не би функционирала нормално доколку мозокот е оштетен. Но, истражувањата покажуваат дека свеста во екстремни услови, како на пример, кога човек се наоѓа на работ од животот и смртта, функционира добро - дури и подобро отколку во нормални услови.

 

mozok


Ова укажува дека функциите на умот се независни од мозокот. Професорот Александер Батијани од Универзитетот во Виена проучувал луѓе кои имале искуство блиску до смртта. Колку била поголема повредата, толку подобро луѓето можеле да набљудуваат, заклучува професорот.

Истражување од 2007 година покажало дека повеќе од половина од луѓето кои доживеале искуства блиски со смртта можеле поостро да гледаат. Друго истражување покажало дека 74% од луѓето биле посвесни.

Целосно буден


„Се чувствував свесно, целосно присутно, остро и фокусирано. Се чувствував како да сум полузаспан додека бев жив, и целосно буден кога бев прогласен за мртов. Се чувствував слободно и ми беше мило што бев надвор од моето тело. Се чувствував поврзано со се' околу мене. Не можам да опишам што беше. Чувствував дека можам да размислувам побрзо, a времето поминуваше бавно“, вели еден пациент кој доживеал вакво искуство.

Батијани исто така ја испитувал терминалната јасност кај пациентите со Алцхајмерова болест. Некои луѓе непосредно пред својата смрт можеле да ги препознаат своите најблиски.

Активни

Покрај тоа, многу слепи луѓе изјавиле дека можат да гледаат за време на овие искуства. Ова е делумно истражувано од Кенет Ринг од Универзитетот во Конектикат.

Некои научници веуваат дека халуцинациите произведени за време на блиските средби со смртта се предизвикани од физички процеси. Сепак, истражувањето од Д-р Батијани укажува дека се вклучени многу покомплексни искуства.

Тој заклучува дека свеста понекогаш останува активна во време кога не постои електрична активност во мозокот. Неговото истражување е објавено во магазинот „Journal of Near-Death Studies“.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука