X
 10.08.2016 Живот

Временска прогноза до крајот на неделата

Денес е среда, 10 август 2016 година, 223-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:34, а ќе зајде во 19:43 часот. Денот ќе трае 14 часа и 11 минути.

Во Македонија ова утро имаме претежно сончево и топло време, ова утро насекаде над Македонија небото е ведро.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес не очекува стабилизација на времето. Ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло време со пораст на дневните температури. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 12 до 21 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 25 односно до 36 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна до 34 степени. УВ индекс 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во четврток претежно сончево со локална облачност и топло. Во доцните попладневни часови услови за слаб дожд ќе има во северозападните и североисточните предели. Максималните температури од 26 до 37 степени. Во петок претежно сончево со локална облачност и многу посвежо време со осетен пад на температурите кои ќе бидат пониски од просечните за овој период од годината, па максималните ќе се движат од 17 до 28 степени. Во сабота и недела сончево и свежо време со дневни температури кои ќе достигнат од 20 до 31 степен во сабота, односно од 21 до 32 степени во недела.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот