X
 11.08.2016 Живот

Кроација Осигурување/неживот, се вклучува во акцијата за помош на поплавените подрачја

Кроација Осигурување/неживот, се вклучува во акцијата за помош на поплавените подрачја. Активностите ни се поделени на два дела: донација од вработените, во облека, постелнини, средства за хигиена, средства за дезинфекција, средства за чистење, ќебиња и се што е неопходно за полесно пребродување на настраданите од поплавата.

 

crosig

 

Вториот дел од акцијата е целосно поддржан од компанијата и истата е во форма на донација од намирници и лекови кои се потребни за поплавените подрачја. Секојдневно сме во контакт со волонтерите, кои неуморно доставуваат од врата на врата и активно учествуваат во расчистувањето на подрачјата. Големо благодарам од цела Кроација, на тимот кој е посветен на оваа задача. Се надеваме и нашиот скромен гест, ќе помогне во заедничката цел – најбрзо и најбезболно надминување на кризата.

 

За сите погодени од поплавите, за совет и консултации може да се обратат на steti@crosig.mk.

 

crosig

 

Кроација осигурuвање/неживот, ги повикува сите свои осигуреници и соработници да се приклучат кон акцијата и да помогнат за полесно надминување на овој немил настан.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот