X
 14.08.2016 Култура

Колку злато содржи златниот медал од Рио?

Олимписките игри во Рио се најголемиот спортски настан на планетата, што не е изненадувачки кога ќе се земе во предвид дека моментално во натпреварите учествуваат повеќе од 11.000 спортисти во 28 спортови и 42 дисциплини. Според тоа, златниот медал претставува една од највредните награди во историјата на спортот.

 

1


Златниот медал за еден спортист нема цена, бидејќи со него се вреднува целата кариера, напорот и жртвата што спортистот ја вложил, но ако се претвори во пари, медалот чини околу 564 долари, врз основа на цената на златото од 43.76 долари по грам и вредноста на среброто од 61 цент по грам.

Според оваа пресметка, златото од Рио е исто вредно колку и златото од Олимписките игри во Сочи во 2014 година, кога вредноста на медалот беше пресметана за околу 566 долари, иако тогаш медалот бил 31 грам потежок. Но, тоа е далеку од 708 долари, колку што вредеше златниот медал во Лондон.

Кога златниот медал би бил направен само од злато, неговата вредност би била скоро 22.000 долари. Кога оваа бројка ќе се помножи со 812 златни медали, излегува дека Бразил би требало да издвои 17 милиони и 864 илјади долари. Ова е и причината поради која во 1912 година во Стокхолмза последен пат биле доделени медали од чисто злато.

 

3


За време на Олимпијадата во Рио направени се вкупно  2.488 медали. Од нив, 812 се златни, исто толку сребрени и 864 бронзени. Сите медали се со иста големина и тежина. Со дијаметар од 85 милиметри и 500 грама тежина, ова се најтешките медали во историјата на летните Олимписки игри. Од друга страна пак, најмалку три пати биле потешки медалите од зимските Олимписки игри.

Секој од златните медали е обложен со 6 грама 99.9% чисто злато, што е минимумот утврден од страна на Меѓународниот олимписки комитет. Останатите 494 грама се 92.5% чисто сребро.

Сребрените медали се целосно направени од 500 грама чисто сребро, а нивната вредност е околу 305 долари. Бронзените медали содржат 475 грама бакар и 25 грама цинк, а нивната вредност во долари е исклучително ниска.

Според организаторот на Олимписките игри во Рио, површината на медалите за прв пат во историјата на Олимпијадата е крива, повисока во центарот, такашто дебелината варира од 6 до 11 милиметри. Исто така, за прв пат медалите покрај бојата имаат и звук. Во медалот се поставени метални лежишта кои удираат кога медалот се поместува. Златниот медал дава најсилен звук, додека бронзениот најтивок.

Медалите за Олимпијадата во Рио се направени во согласност со принципите на одржливост на животната средина и заштита на средината. Ова значи дека повеќе од 30% сребро е добиено со рециклирање на огледало и употребени рендгенски плочки.

Злаото е без жива, а повеќе од 40% од бакарот е добиен од индустриски отпад.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура