X
 14.08.2016 Наука

Што вашиот статус на Фејсбук открива за вашите пријатели и за вас?

Луѓето кои постојано го обновуваат нивниот Фејсбук статус за нивниот партнер имаат ниска самодоверба, додека оние кои се фалат за исхраната, вежбањето и достигнувањата обично се нарциси, покажуваат новите истражувања.

 

фб


Психолозите на Брунел Универзитетот во Лондон ги анкетирале корисниците на Фејсбук и ги анализирале нивните особини и мотиви кои влијаат врз темите кои ги избираат за пишување.

Податоците биле собрани од 555 корисници на Фејсбук кои го завршиле онлајн истражувањето, со што се мереле „петте особини на личноста“ кај овие луѓе - екстровертност, невротичност, отвореност, согласност и свесност како и самодовербата и нарцизмот.

Истражувањето покажа:

- Луѓето со ниска самодоверба често пати го ажурирале статусот за нивната љубовна врска;
- Нарцисите почесто ги споделувале нивните достигнувања, кои се мотивирани од нивната потреба за внимание и вреднување од Фејсбук заедницата. Овие постови исто така добиле голем број лајкови и коментари, што покажува дека фалењето на нарцисите е засилено од нивната желба за внимание.
- Совесноста била поврзана со постирање на новости за своите деца.

Професорот по психологија Д-р Тара Маршал од Бурнел Универзитетот вели: „Може да изненадува дека статусите на Фејсбук се поврзани со особините на луѓето. Сепак, важно е да се разбере зошто луѓето пишуваат на одредени теми на Фејсбук бидејќи нивните постови може да се различно наградени со лајкови и коментари. Луѓето кои добиваат повеќе лајкови и коментари имаат тенденција да искусат повеќе придобивки од социјалната вклученост, додека оние кои не добиваат, се чувствуваат како луѓето да ги избегнуваат“.

„Иако нашите резултати покажуваат дека фалењето на нарцисите се исплаќа бидејќи добиваат повеќе лајкови и коментари, ова може да значи дека иако нивните пријатели на Фејсбук учтиво нудат поддршка, сепак потајно не им се допаѓа тоа што тие егоистично го прикажуваат“, додава таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука