X
 15.08.2016 Забава

Прашања кои е невозможно да се одговорат

Постојат прашања од кои ќе ве заболи глава доколку се обидете да ги одговорите. Ова се некои од нив.

 

1

 

1. Ако постои Бог и тој (таа) ни се прикаже, дали луѓето кои веруваат во Бог ќе го прифатат Бог како Бог?

2. Ако универзумот беше роден со Биг Бенг експлозијата, што постоело пред неа?

3. Зошто мачките предат?

 


2 

 

4. Која е целта на смртта?

5. Зошто жените поминуваат преку менопауза, а мажите не?

6. Што се наоѓа на дното на океанот?

7. Зошто воопшто постои се'?

8. Ако се' во универзумот - вклучувајќи ги и атомите и честичките, престанат да се движат, дали ќе престане и времето? Или времето продолжува дури и тогаш кога се' останато е замрзнато?

9. Како знаеме дека постоиме?

 


3

 

10. Што го прави човекот човек?

11. Ако универзумот се проширува, што се наоѓа надвор од него? Ако не постои ништо надвор од него, како се проширува за да создаде празнина?

12. Кога зрнцата песок стануваат куп песок?

13. Да претпоставиме дека постои Бог: дали Бог може да создаде камен кој ниту тој нема да може да го подигне?

14. Дали стареењето е неизбежно?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава