X
 15.08.2016 Живот

Веб страна која ве потсетува колку сте стари

Од ден во ден, секој ден сме се' постари - постои и веб страна посветена на тоа да не' потсети колку точно сме стари. Се' што е потребно да направите е да го напишете вашиот датум на раѓање, со што страната ќе ви даде долга перспектива за вашите години заедно со уште неколку морбидни статистички податоци.

 

1


Ако сте родени во 1991 година, на планетата Земја тогаш живееле 5.4 милијарди луѓе. Денес популацијата на Земјата е поголема за 2 милијарди. Месечината направила полн круг околу Земјата 331 пат, а сте имале 4 години кога овцата Доли влегла во историјата како првиот успешно клониран цицач.

Ова се интересните податоци кои ќе ги дознаете на страната You.regettingold.com, заедно и со помалку застрашувачка статистика.

Имено, страната ќе ви покаже колку луѓе биле родени истиот ден, колку умреле и колку се'уште се живи.

 

страна


Од 100.000 родени луѓе на 4 ноември 1991 година, скоро 2.000 повеќе не се меѓу живите. Колку сте постари, толку повеќе овој црн квадрат е поголем и пострашен.

Секако, страната е направена за забава и навистина нуди интересни факти, и дефинитивно ќе ве натера да го цените тоа што се'уште се наоѓате во жолтиот дел од графиконот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот