Најдобрите 10 универзитети кои минатата година се најдоа на врвот на шангајската листа односно, „Shanghai Ranking’s Academic Ranking of World Universities“, и оваа година го задржаа своето место во топ 10-те, со минимални промени.

Вкупно 500 универзитети се рангирани од целиот свет врз основа на шест индикатори кои го вклучуваат бројот на наградувани вработени и алумни како и број на објавени сатии во престижните списанија „Nature“ и „Science“.
Резултатите од шангајското рангирање за 2016 година го потврди Универзитетот Харвард како број еден во светот, 14-та година по ред. Универзитетот Стенфорд исто така го задржа своето второ место, додека Беркли и Универзитетот во Кембрџи паднаа за едно место.
8 од најдобрите 10 универзитети се од Америка. Топ 10-те завршуваат со Универзитетите Оксфорд и Кембриџ. Еден швајцарски и еден јапонски универзитет се најдоа меѓу првите 20.
Оваа година Азија постигна голем напредок, со тоа што универзитетите во Кина и Сингапур се најдоа во првите 100. Цингуа универзитетот во Кина е најдобриот во земјата на 58-то место, а Националниот универзитет во Сингапур се наоѓа на 83-то место.
Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих (19-то место) го зазема првото место во континентална Европа, Универзитетот во Копенхаген во Данска е вториот најдобар европски универзитет.
Ниту еден универзитет од нашата земја не се најде на листата на 500 најдобри според шангајската листа. Што се однесува до нашите соседи, на најдобро место се пласира Универзитетот во Белград, кој се најде на 261-то место, Универзитетот во Љубљана на 464 место и Универзитетот во Загреб на 491-то место.

Целосната листа можете да ја погледнете ТУКА