X
 18.08.2016 Живот

Како луѓето изгледаат во 7 часот наутро, а како во 7 часот навечер?

Проектот „At the Corner of my Street“ на модниот фотограф Барбара Ајвеинс имал за цел да ѝ овозможи да ги запознае луѓето кои беа нејзини модели.

 

утро


„На почеток стануваше збор за социологички експеримент. Мислев дека неколкуте средби со нив нема да ја променат мојата перспектива кон нив. Но, за брзо време се разви чувство на доверба и едноставност. Сфатив дека ова се случува со луѓе кои за тебе повеќе не се непознати. Започнуваме да се грижиме за нив“.

Портретите низ годините кои Ајвеинс ги правела биле интимни и живописни. Меѓутоа, најголем впечаток ѝ оставил кога таа ги фотографирала во 7 часот наутро и во 7 часот навечер.

Или тие ја поминувале вечерта кај неа или пак таа одела во нивниот дом за да ги пробуди.

„Влегувањето во нивниот дом како крадец, за да ги разбудам беше интересно искуство. Мислев дека ќе имам околу 20 минути за да го фотографирам нивниот израз кој го имаат кога се будат. Но, интересно беше тоа што изразот траеше само неколку секунди. Овој поглед исчезнува за брзо време и веднаш се гледа како човекот започнува да презема контрола врз неговото лице и тело. Повеќе го нема ранливиот човек“, вели таа.

 

Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот