X
 18.08.2016 Култура

Кои земји во светот се најпребарувани за одмор?

Веб страната „teflSearch“ ги анализираше податоците на „Gооgle“ и направи листа на земји за одмор кои луѓето најчесто ги пребаруваат. Од веб страната ги анализирале податоците во периодот помеѓу јули 2015 и јули 2016 година, во повеќе од 80 држави и на 52 јазици.

 

веб


Според веб страната, земјата која најмногу ја пребарувале Американците е Велика Британија со 4.2%. Веднаш после неа се наоѓа Мексико (4.1%), Куба (3.9%), Костарика (3.8%) и Индија (3.2%) со која се заокружуваат првите пет. Во последните 10 земји се Австралија (3.1%), Ирска (2.9%), Тајланд (2.8%) и на последно место е Канада (2.6%).

За Русите пак, најпопуларна дестинација за пребарување на интернет е Турција (18.6%), Црна Гора (8.7%), Грција (8.2%), Русија (8.1%) и Бугарија (7.8%) со која завршуваат првите пет. На шестата позиција се најде Грузија (5.2%), седма е Шпанија (4.3%), на осмата позиција е Куба (3.4%), Италија (2.5%) и на последно место се наоѓа Хрватска (2.4%).

Германците пак најмногу ја пребарувале Турција (10.6%). На второто место се наоѓа Хрватска (8.3%), веднаш после неа е Грција (4.7%), Тајланд (4.6%) и Малдивите (4.1%). На шесто место се најде Египет (3.9%), на седмо Италија (3.5%), Германија (2.9%), Шпанија (2.8%) и на десетто место е Куба со 2.5%.

Најпребаруваната земја на „Google“ е Хрватска со 2.71%. На листата, позади Хрватска е Грција со 2.54%, Турција и Тајланд со 2.47%, Шпанија со 1.99%, Италија со 1.9%, Куба со 1.85%, Португалија со 1.66% и Малта со 1.65%. Америка се наоѓа на десеттата позиција додека најпосетената држава во светот, Франција, воопшто не се најде на листата како една од најпребаруваните земји.

 




 

За Македонија нема податовици од истражувањето, Линк до мапата
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура