X
 18.08.2016 Живот

Најплатените можности за пракса насекаде низ светот

За сите оние кои имаат афинитети кон уметноста, модните списанија, уметничките галерии и слично, ова се одлични можности за пракса кои ги нудат институциите каде се создадени и сочувани уметничките богатства во светот.

 

praksa


Практикантство во филмската индустрија

- „Paramount Pictures Studio“ нуди возбудлива програма за практикантство која на секој студент му обезбедува можност да навлезе во светот на филмот и да се здобие со одлично искуство работејќи во забавната индустрија. Во оваа компанија секој практикант има можност да комуницира со индустриски професионалци, да присуствува на снимањето на филмовите, да посетува работилници и слично. Тука можете да дознаете нешто повеќе.

- Повеќето програми за практикантство од нивните кандидати бараат диплома од филмско училиште или универзитет. Сепак, „Chicago Filmmakers Studio“ ви нуди можност да погледнете позади сцените за време на филмската продукција без посебно познавање или тренинг во оваа област. Тука можете да пронајдете повеќе детали.

- „New York’s Public Theater“ нуди платени и неплатени практикантства за актери, писатели, пејачи, продуценти и режисери. Посетете ја официјалната веб страна тука доколку сакате да дознаете повеќе детали.

- „ProfilCulture“
е одлична веб страна за практикантства која ви овозможува да ги пребарувате најдобрите филмски програми за практиканти во Франција.

- „Internships“ е пребарувач за практикантство кој ви ги дава најдобрите можности.

- „Internzoz“ ви нуди практикантски програми во филмската индустрија во Нов Зеланд.

Практикантство во новинарската индустрија

- Практикантство на Харвард. Харвард Кенеди училиштето ги кани сите заинтересирани практиканти да учествуваат во различни проекти за медиумско истражување. Повеќе информации можете да пронајдете тука.

- Медиумско практиканство во Монголија. Оваа програма ви дава можност да стекнете искуство работејќи во еден од водечките локални весници или за национален тв канал. Практикантството трае еден месец, а месечната заработка е 1.000 долари. Тука можете да дознаете повеќе информации.

- Новинарско искуство во Индија. Магазин во Индија за туризам нуди практикантство за оние кои сакаат да стекнат значајно новинарско искуство работејќи како новинар и/или фотоновинар. Практикантството трае два до три месеци со месечна заработка од 1.000 долари. За повеќе информации тука.

- Фотоновинарство во Бангкок - Оваа три месечна програма за практиканти е достапна цела година. Студентите ќе добиваат стипендија од 3.500 долари. Тука можете да дознаете нешто повеќе.

- Фотоновинарство во Аргентина - Практикантска програма која ви дава одлична можност да уживате во атмосферата на Буенос Аирес и да се стекнете со одлично искуство работејќи за водечки магазин. Времетраењето на праксата е околу два месеци, а може да биде до шест месеци. Просечната заработка по практикант е 1.000 долари. Ако сте заинтересирани, посетете ја веб страната тука.

- „Looksharp“ нуди широк спектар на практикантски можности во Њујорк. Оние кои се заинтересирани за новинарство и мода тука ќе пронајдат одлични можности.

Практикантства во музеите

- „Musée d’Orsay“, Париз. Музејот нуди голем број можности за студентите по архитектура или дизајн. Платата зависи од времетраењето на програмата.

- „Peggy Guggenheim Collection of Modern and Contemporary Art“, Венеција.
Музејот нуди програма за практиканти за меѓународни студенти кои студираат уметност, историја на уметноста и поврзани дисциплини. Заработката е 750 евра месечно. Тука можете да прочитате повеќе.

- „The Victoria and Albert Museum“, Лондон. За повеќе детали посетете ја веб страната на музејот тука.

- „Museum of Fine Arts“, Шпанија. Музејот нуди програма за практиканти за дипломирани студенти до 35 години кои се заинтересирани за зачувување и реставрација на уметничките дела. Започнувајќи од 1-ви септември, предложеното времетраење на програмата е десет месеци. Успешните практиканти ќе добијат грант од 15.000 евра. Тука за повеќе детали.

- „The Berlin State Museums“. Група на институции во Берлин, Германија составени од 17 музеи. Ако сте заинтересирани за уметност, археологија, етнологија или поврзани дисциплини, тогаш посетете го линкот тука.

- „bvdg.de е германска веб страна за сите видови на уметнички практикантства и програми.

- „The national palace museum“, Тајван. Практикантството понудено од овој музеј е совршено за студентите кои студираат уметност. Музејот покрива трошоци за виза, здравство и сместување. Тука можете да дознаете нешто повеќе.

- „The NTU Centre for Contemporary Art“, Сингапур. Едно од најпосетуваните места во земјата ги кани уметничките експерти да учествуваат во нивната програма за практиканти. Повеќе информации тука.

- „The National Gallery of art“, Вашингтон.
Ако некогаш сте сонувале да работите меѓу ремек делата на Рафаел, Титан и други познати уметници тогаш можете да аплицирате за практикантството тука.

- „The museum of modern art“, Њујорк
. Ова е еден од трите најдобри музеи за современа уметност, кој нуди широк спектар на програми. Тука можете да се пријавите. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот