X
 18.08.2016 Образование

Во тек е доставувањето документи за престој во студентските домови

Започна доставувањето на документите за сместување и престој во државните студентски домови. Сите студенти од втора и повисоките години на студирање на јавните и приватните високо образовни установи во Република Македонија, кои во периодот од 18 јули до 12 август доставиле електронска пријава за сместување и престој во студентски дом во Скопје, документацијата согласно конкурсот потребно е да ја достават до Министерството за образование и наука, најдоцна до 23 август. Оние што конкурирале за сместување во студентските домови во другите градови, потребните документи ги доставуваат до Комисијата за прием и проверка на документацијата во домот за кој конкурираат.



Конечниот список за прием на студентите од втора година и повисоките години ќе се објави на 31 август на огласните табли во студентските домови и на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk. Незадоволните кандидати потоа, имаат рок од 5 дена за достава на приговор.

Додека, електронското пријавување на студентите од прва година трае од 20 до 28 август. Овие студенти, сите потребни документи ги доставуваат до Министерството за образование и наука, односно домовите во кои конкурираат во периодот од 29 август до 2 септември. За нив се наменети 20% од вкупно 5.612 легла, колку што предвиде годинашниот конкурс.

Инаку, вообичаено при распределбата на вкупниот број на расположиви места во домовите, 40 проценти се предвидени за првата група на студенти од поранливите категории, како и деца без родители и родителска грижа, деца со посебни потреби, деца на корисници на социјална парична помош и постојана парична помош, деца на самохран родител, деца на невработени родители и деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини. 25 проценти од вкупниот број на расположивите места во домовите се за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, а 35 проценти се за останатите категории на студенти.

Подетални информации за условите за прием, потребните документи за пријавување, како и бројот на легла за секој студентски дом се достапни на следниот линк.
/news/16-07-15/konkurs_za_priem_na_studenti_zapishani_na_dodiplomski_studii_vo_drzhavnite_studentski_domovi.aspx

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование